За ЕХФ, всушност и УЕФА и ЕУ

Фото ЕХФ

Има една стара која вели, 100 пати повторена лага станува вистина.

Митот за големината на Европа, од цивилизациски, техничко технолошки, хуман, морален карактер, полека се разоткрива. Европа е гнила, морално пред се, и полека од позадината се гледа нејзината неспособност.

Пред неколку години бевме сведоци на очајната организација на настанот на векот во Скопје, супер купот помеѓу Реал и Манчестер. Но велевме тоа е Македонија, не не бива. Синоќа бевме сведоци на две катастрофално организирани манифестации од врвен калибар. Онаа во Парис во срцето на Европа, финалето на Лигата на Шампиони во фудбал и онаа во Лисабон, Ф4 на Лигата на Европа во ракомет.

Ќе се задржам на ракометот. Од клупски аспект после Келн ова треба да е најголемиот настан. Треба да е, но за жал не е.

Комотно се чувствувам кога без некој посебен редослед едностано набројувам, во случајов недостатоци.

Празна сала, камера која снима во главите на гледачите, нема графика, нема и МТВ да потсетиме, статистика нема и еден ден потоа, Германците на 50% шут или 34 од 35, лудо нели? Судии по незнам кој пат кои не заслужуваат да судат…

Во првиот дуел, германците дојдени по одбрана на титулата, но во сезона која ќе треба да ги врати на тронот и во домашното првенство. Екипа созидана на проверени германско-скандинавски темели, освежена со двајца словени, кои патем ги користат за прљавите работи, играта во одбрана. Со сигурна игра и голема ротација, наметнаа свое темпо кое нашичаните никако неможеа да го испратат до крај. Интересна екипа за мене и од антрополошки аспект. Бековите тенки и релативно ниски, пикерите слични, голманот најголем горостас. Да наликуваат на ракометари од една нова ера. Дали ќе пристигне и ќе трае времето ќе покаже.

Хрватите пак после една добра сезона за нив, како со пласманот на Ф4 да ја достигнаа својата катарза, па загубија дома од Загреб за титула и во Лисабон од Магдебург за финале. Немаат во своите редови играчи со шампионско педигре но имаат многу, многу талент. Едноставно проектите на богатите земји и јаките лиги, за договори на повеќе години, за играње во јака лига секој викенд им остава простор за постабилен напредок и долги стази. Нашичаните исто како и Битолчаните многу ќе работат, многу ќе инвестираат и повторно нема да можат да ги задржат најдобрите.

Јагањац, заминува, прашање на време е и за останатите.

Со чувство како нешто да недостасува, ја евидентираме победата на Магдебург за влез во финалето.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...