Фото РК Еурофарм Пелистер
Во опевањето, ама и во распнувањето, а јавноста ова второво повеќе ја привлекува, јас секогаш барав дедуктивна потврда.
За победата на Пелистер против Нексе, неминовно е да почнам од клупата. Некако како хоби го следевме тренерскиот век на Бабиќо, па го испративме со саркастичен хумор за кој сам придонесе. Пристигањето на Викингот беше еден вид сензација, а ние повнимателно и претпазливо го пречекавме. Сепак уште во октомври му испративме порака ! Ларс Битола знае ракомет ! .
За овој амбициозен тим, зад кој стои исклучителна историја, сериозна управа и уште по исклучителна публика, секогаш очекувавме од тренерот нешто повеќе од сув тренерски потенцијал. Клубот кој има повеќе од само една амбиција мора да има и таков тренер. За титули на повеќе фронтови, треба стратег, педагог, тактичар, срце, мотив… Долго чаршијата, ние и останатите сериозни ракометни работници, вљубеници и медиуми, баравме вистинско решение.
Назад кон мојата научена, а не вродена вештина за пронаоѓање на соодветно решение. Да исклучително важно како и куче кога купувате, е неговото ракометно педигре, лозата од која тој се зафатил за занаетот. Ацо е изданок од едно стебло ама сериозно, стеблото на еден од пошироката јавност често оспоруван, ама сепак Маг (нз волшебник, маѓепсник). Ацо е ученик на еден од најголемите во ракометната струка и тој тоа гордо го потенцира.
Паметам натпревари во Лигата на Шампиони кога Металург со скромен ростер и минимално интернационално искуство оставаше гиганти да му дадат 4-5 голови во едно полувреме. Лино бараше да се цени секоја топка, да се оди на глава, да се гине.
Јовиќ е единствениот лик во македонскиот ракомет кој може да се пофали дека го победил Вардар, со втора екипа и тоа. Тој човек со години е на маргините но неговите резултати се на врвот. Дали е ова почетничка среќа, или само коцките се споија ќе дознаеме многу брзо. На 26 во Скопје е дербито. Ацо ќе има прилика да докаже дека овој резултат од СЕХА натпреварот не е како со слепата кокошка.
Имаше Пелистер и неколку олеснителни, но факт е дека овој, а ист тим изгледаше сосема понаку. Борбеноста и ангажираноста во сосема друго светло. Јовиќ искористи многу од потенцијалот на екипата. Дури 11 стрелци имаше а лесно можеа да бидат и 13-14. Голманите растурија, Кизо ја бетонира својата позиција како спасител и сега повеќе од јасно е дека ќе го видиме како тандем со Томовски во преостанаите два натпревари од квалификациите. Јовиќ ги измеша малку картите со минутажите на кои бевме навикнати, па довербата им ја додели на некои ликови кои досега беа маргинализирани.
Имаше Пелистер и спортска среќа но имаше и спортски јунаци, тие две работи одат под рака.
Фениксот е митолошка птица, а одново родениот Пелистер реалност. Колку само тоа ќе биде добро за Битола, за Македонија очекувам многу брзо да дознаеме.
На крајот несмеам да не споменам дека во тимот е и уште една недокрај призната ракометна фигура, Шундовски. Верувам дека ако Пелистер најде модус овие двајца да функционираат како тандем, бенефитите ќе бидат неизбежни.
Во салата за која очекуваме брзо да добие наследник, во СЕХА натпревар Еурофарм Пелистер го победи Нексе со 27:23 и сериозно ја фрли ракавицата во правец на црвено-црните од Скопје.
15.03.2023