Битола лута !

Фото Еурофарм Пелистер

Турбуленциите во македонскиот ракомет не престануваат. Овие клупските, Битолските, некако во моментов најаки.

Минатата недела во Данска, ги фатив следниве белешки: Недисциплина, Танковски и Хосни во мртва трка кој повеќе топки ќе изгуби, Костески аматерски црвен картон, Хенеберг неодговорно…

За битолската публика многупати сум зборувал. Знае ракомет !

Денес решив вака, ќе направам избор на најзрелите коментари од социјалните медиуми. Ама прво ќе раскажам една кратка анегдота. Наш македонец се сели во Мајами пред дваесетина години и отвара ресторан. Со години макотрпна работа станува еден од најеминентнире тамошни ресторани. Во едно интервју за некој од кулинарските многубројни канали, на прашањето како се одржува тој вели: Во минатото стрепевме кога некој критичар ќе не посети и со нетрпение ја очекувавме неговата статија/критика во кулинарските магазини. Денес секој ден не посетуваат во просек 200-300 критичари, а рецензијата ја има веднаш и директно, на соц медиуми ! Така знаеме каде сме и каде тераме!

Почнувам одзади,

На прес повикан Даваес или Дејвис или небитно, шо ќе каже, каква е клупата, зошто не е тапацирана за помека да биде. Агуас Санташ ни на Гугл не можеш да ги најдеш. Уште една промашена сезона. Систем фали, почетнава постава ни на кафе нема да се разбере… Кисум со 300 фиксатори на глуждот, Битола одлично место за рехабилитација…

Дилемите отворени, за што е граден овој тим? Која му е целта?

Ако земеме в предвид и небитни информации од типот, дуелот со Алкалоид од сабота е преместен за во недела, а во вторник следи натпреварот со Берлин, таму, антиципирам одговор, да овој тим е граден за да освои титула во Македонија, настапите во Европа во функција на оваа цел.

Мојот најголем сомнеж во капацитетот на Валтер и неговите одлуки. Издвојувам дека во моментите кога требаше да се враќа тимот од негативата, а времето истекува тој на теренот ги испрати резервистите, Атанасијевиќ и Даваес, и веќе изладениот Пешевски.

Дали начинот на кој е граден овој тим, изборот на стручен штаб, поставувањето на целите и се останато е доволно за ракометна Битола?

Ќе дознаеме наскоро…

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...