Кадетите одат на Светско !

Сигурно еден од најдобрите Македонски леви бекови, Раде Стојановиќ е на чело на Македонската ракометна кадетска селекција. Минатата година во краток период создаде сериозна селекција од Македонски таленти. Успехот во Рига, пријателските натпревари и подготовките за светското. Како се справува со предизвикот, кои му се постулатите, какви се плановите, дали има таленти, соработката со Бранче, […]
Ракометот некогаш беше витешка игра

Фото Фејсбук МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ А светот беше пристојно место за живеење… Некаде на почетокот на Нултите, мојот драг пријател и ментор Димитар, замина во Америка, во потрага по своите соништа и остварување на своите амбиции. Беше гладен за докажување, а уште тогаш свесен дека овде на Балканите е претесно за него. Не […]
Германија, ветената земја

Македонската ракометна репрезентација во јануари 2024 година ќе го има своето осмо учество на Европските првенства. Таму досега сме настапувале со скромен успех, иако ја паметиме и епската 2012, во Србија кога бевме легендарно високо 5 то место. Имено, досега сме одиграле 37 натпревари и сме забележиле 24 порази, 5 нерешени и само 8 победи, […]
Џомба, ти благодарам …

Фото РФМ Глорификацијата на насилството, толеранцијата кон неприродното и стимулирањето на медиокритетството не доведоа така блиску, како човештво, до дното ! Малкуте емотивни, вистински вредни и трајни, моменти незнаеме и неможеме да ги доживееме и овековечиме како што заслужуваат. Уште една Македонска ракометна икона, го одигра својот последен танц, а неговиот чекор одамна повеќе наликуваше […]
Македонски репрезентативни трендови

После периодот на хистерични напади и раслоеност, а пресликано од секојдневното општествено самоуништување, репрезентацијата плови кон помирни води. Неколку трендови успевам да евидентирам, а можеби има и повеќе, времето ќе покаже. Инспириран од странскиот коментатор на една балканска тв која делува како дип стејт па го држи во заложништво скоро секој спорт и скоро секоја […]
Недела за потврда на Европското 2024

Фото РФМ Вортексот на незадоволството од општеството кое ние самите го создадовме, или дозволивме да е вакво, често не вовлекува во ситуации во кои прстот го вперуваме кон погрешна точка. На примерот од неуспехот на женската ракометна репрезентација, виновен е селекторот и случајот е затворен. Не, не, имам теза и ќе ја објавам следната недела. […]
Ново сонце над Македонија

Фото РФМ Со Бице по принципот на западните хегемонистички практики развиваме теза, план, прогноза, кога Македонија може да очекува блескави ракометни моменти. Планот, или позападно речено Проектот го нарековме ПРОЕКТ 3-2-25 ! Да појаснам, 3 е за трите најдобри македонски екипи. Со оглед на моменталниот однос на силите, финасиите, амбициите, инфраструктурата и ростерите, Вардар, Пелистер […]
СИТЕ СЕЛЕКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА

Во обид да ја возобновиме нашата стара рубрика “Catch the Match”, неколку дена по ред сеобидувам да најдам објаснување како нашиот најомилен и најуспешен спорт во нашата ни милаМакедонија го доведовме до ова дереџе. И штом некако ми дојде републиката пред очи, веднашми станува јасно дека всушност ни ракометот не може да остане имун од […]
Две кола, маргина и многу транспаренти

Фото РК Еурофарм Пелистер 2 Форматот со 8 екипи најблиску до идеалната формула за јака лига со јаки клубови и јаки натпревари во текот на целата сезона. Колку на Македонските репрезентативци им недостасуваа дуели како овие од изминативе два викенда, видовме во Краков. И да, РФМ топло препорачувам она што го размислувате и она што […]
Апостолот и СЕХА

Внимателно ги бирам зборовите. Денот го одбелжувам, тивко со наведната глава. 151 година од раѓањето на една од најмаркантните Македонски фигури, апостолот на современа Македонија, таткото на нацијата, Гоце Делчев. Со спортски жаргон се обраќам до естабилишментот, Леле луѓе што направивте? Денот ми беше резервиран за осврт на првите две кола од СЕХА. Таа СЕХА, […]
