Илинденски предизвици

Фото Ласко Џуровски

Денес е најголемиот Македонски празник ИЛИНДЕН, а зборови тешки ме мачат. Освртот треба да биде ракометен а не политички. Но тешко е

Македонците се исправени пред страшни предизвици, со векови се обидуваат да не асимилираат, премислат, одвратат, убијат, затворат, разделат … боли колку мака има овој мал народ истрпено. Со годините и цивилизациските придобивки логично ќе беше да се откажеа. Но не е така и денес во соработка со домашните непријатели и квинслизи притисокот продолжува. Но Пиреј сме ние и поголеми сили не не сотреа па нема ни Вие !

Го читав воведот на официјалниот сајт за ИХФ светското првенство, со гордост до реченицата:

Now the European team, which have some promising talents in their squad, hope to show their fighting spirit again. It will not be easy for them to progress from the group with Norway, Montenegro and Georgia, but the North Macedonians are determined to do a good job. 

Не лажат на секој чекор безмилосно, нашите, а тоа најмногу боли.

А на овој голем празник навистина спортски имаме зошто да бидеме горди Македонци. Две наши ракометни селекции учествуваат на големи настани. Девојките во У17 категорија на европското првенство, за нив ништо нема да коментираме, ќе има посакаме само здравје и спортска среќа и момчињата во У19 кои играат Светско во Хрватска.

Таму една исклучително интересна селекција предводена од две македонски легенди Раде Стојановиќ и Бранко Ангеловски, во една исклучително несреќна европска група, ќе се обиде да биде крикот на новиот Македонски бран. Бран на гордост, пркос, самодоверба, бран на новата Македонска енергија.

Во годиниве кои изминуваат активно се обидувам да придонесам во обединувањето околу Македонската идеја, во општеството генерално па така и во спортот, се обидувам да пратам кратка а јасна порака. Македонија е се што имаме, а Македонските спортисти се најдобрите наши амбасадори. Надвор од сите задкулисни игри и манипулации Македонските спортисти мора да ја добијат нашата недвосмислена подршка, па во духот на нашите антички предци да ги пречекаме со штитот или на него.

Девојки и Момци, главата горе, силно пејте Денес над Македонија се раѓа, ние сме со Вас и во победа и пораз !

Девојките својот прв меч го играат против Романија од 15.45 ч. во Подгорица и пренос сигурно нема да има, но ќе може да се погледне на EHFTV, а момците против Норвешка од 17.30 ч. во Ријека и пренос дефинитивно ќе нема, а дали ќе најдеме некој линк ќе дознаеме во текот на денот.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...