Ракометот некогаш беше витешка игра

Фото Фејсбук МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ

А светот беше пристојно место за живеење…

Некаде на почетокот на Нултите, мојот драг пријател и ментор Димитар, замина во Америка, во потрага по своите соништа и остварување на своите амбиции. Беше гладен за докажување, а уште тогаш свесен дека овде на Балканите е претесно за него. Не ми беше сосема јасна неговата интенција, но му дадов поддршка недвосмислена.

Неколку години набрзо, во една од неговите посети, тука во Скопје, повторно со часови дискутиравме, за разликите, за трендовите, за предностите и за недостатоците. Се беше снашол одлично, но имаше една запирка кај него и вака некако ја артикулираше: Виктор, ми вели, сега во Америка е најлошо да си нормален, белец, образован, женет со семејство. Секој друг има повеќе права од тебе. Црн, жолт, самец, хомо, би, или што уште не.

Во сценариото во кое планетата се обиде да ги прифати и да им овозможи еднаква пол позиција на поинаквите, по било кој основ, не сум сигурен дека беше напишан ваков развој.

Декаденција, невкус, слепило и ерозија на се што беше со векови емпирија, не донесе во ситуација во која според нашата народна мудрост, Не се знае кој пие а кој плаќа! Изместените вредности, ерозијата на моралот, избришаните етички и хумани норми се реалност. Во таков еден, а исклучително брз сплет на околности, малите и сиромашни, со капитал не со историја, народи најлошо поминуваат.

Македонија, која кревко се обиде да го гради својот нов почеток, со години уценувана, изолирана и манипулирана, падна на колена. Македонците комплетно дезоириентирани, изгубени во просторот, очигледно и во времето, на прагот на нервен слом. Криминалот на пиедестал, лудило во сите сегменти, обичниот човек притиснат од сите страни.

Воведов подолг од планираното, но облигаторен за да следните редови бидат појасни.

За ракометот пишувам, во сезоната во која требаше да уживаме во плодовите на повеќесезонскиот стекнат епитет, најсилна лига во регионот, се случија неколку од најгрдите можни работи.

Полицаец користи Пендрек и удира по глава ракометар. Тренер во повеќе наврати влегува во дуел со играчи и публика. Цела сала пее за своите сексуални потреби кон семејствата на играчите. Играч постојано во дуел со публика. Навивачки групи од нив само познати причини се откажуваат од своите екипи. Навивачи кројат клупски политики. Екипите се откажуваат од своите навивачи. Навивачки групи дивеат во сала, надвор од неа се ок, пиво, пијачка, може некоја хемикалија ама се ок. Во сала тие се моќни и ја исфрлаат сета своја лична и колективна фрустрација. Полицијата дозволува ескалација а потоа апси. Екипи се жалат на судии, судии се судираат со играчи, играчи напаѓаат судии. За се е крив некој друг, никој не се погледнува во огледало, еј зошто ли воопшто играме ракомет?

Сезнава што побрзо да заврши од се срце посакувам, Ниту се израдував на купот, ниту на првенството. Ниту со нетрпение ќе ја очекувам новата сезона.

Итно се потребни промени.

РФМ ќе мора да одлучи како понатаму. Форматот со “сите” екипи не донесе ништо добро, само го разводни и така тенкиот квалитет на екипите и играчите и нивната форма. Моделот со судиска комисија доживеа сериозно фијаско, не помина натпревар од било која лига и било која категорија без сериозни критики и жалби.

Санкции за се што нема контакт со спортот ВЕДНАШ!

Чисто за пример од моите омилени НФЛ, постои една прилично сериозна казна кога играч неспортски ќе се однесува кон друг играч, тренер, судија или навивач, Taunting или reproaching or challenging someone in a sarcastic, insulting, or scornful way …

Реформи се итно потребни, за да го задржиме достоинството човечко пред се. Замислете ситуација во која еден навивач со својата 12 годишна ќерка присуствува на еден ваков натпревар.

И настаните надвор од спортот долго не предупредуваат!

Реформи итно, да, да почнеме секој од себе …

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...