Црвено Црното повторно во мода!

Фото РК ВАРДАР 1961 Во славните времиња кога Вардар го сонуваше Келн, имаше приказна дека на тогашниот претседател, Самсоненко, Чупиќ му рекол, парафразирам, ако сакаш Титула треба мене да ме земеш! И се она што беше насобрано како знак на предавство, помалку гнев, доста недоверба, а прошарано со доста емоции, сеќавање на играчките денови на […]

Духовите на Сандански

Фото РК Вардар Уф колку сакам да зборувам за нашето минато. Како мал не можев да ја разберам потребата на администрацијата да именува улици, булевари, згради со име на македонски херои, јунаци и значајни личности. Со текот на времето ми стана јасно дека само така ќе ги зачуваме од заборавот. Во вторникот, во Јане, сега […]

Охридска ракометна Пролет!

Фото ГРК ОХРИД Иако за себе одбраа посилен и поавтентичен наратив, на кој се чини се прилично достојни, мене многу ми се допадна и овој романтичниов. Охридската тврдина буквално неосвоива. Од почетокот на сезоната, Охрид на свој терен има само еден пораз и тоа од, се поочигледно новиот шампион на Македонија, таму некаде во ноември. […]

Суво злато или старо железо? САМО РАКОМЕТ С5Е7

Фото Во недостиг на фотографии од РК Еурофарм Пелистер, фотографија од РК Алкалоид Со Горан направивме брз преглед на актуелните состојби. Без влакна на јазикот кога станува збор за уделот на македонските играчи на теренот. Прогноза и на амбициите на големите 4 како и на предстојниот Куп. Нашиот став за регионалната лига. Погледнете…

Симултан Бакнеж, или зошто постојано се слуша ЕХФ МАФИА?

Како минуваат годините се почесто имам потреба да се навраќам и времето да го поминувам на места или со луѓе за кои како прв синоним ми паѓа на ум зборот култен. Така и вчера во очи на уште едно ново во зародиш македонско ракометно дерби, во култната Автокоманда, решивме да пиеме по една боза во […]

Иконата

Долго размислувам за темата, зошто некои луѓе се големи, зошто оставаат длабока трага, зошто такви има многу малку? Одговорите не се едноставни, нема ниту правилник ниту шаблон, не постои рецепта по која може да создадеш таков човек. Современата македонска спортска историја пак на површина успеа да извади неколкумина такви. Јас нотирам еден по многу нешта […]

Колку остро може да биде новинарското перо?

Фото ГРК Охрид Или како солунчанецот Никола ги победи атињаните. Можно е да заборавивме колкава е моќта на народот, затоа што пропагандната машинерија на меинстрим административците ја достигнаа кулминацијата. Во старо време нашите имаа термин и за тоа, кадија те тужи кадија те суди! Имено воочи неделниот натпревар на ГРК Охрид во рамки на четвртфиналето […]

МТВ,we have a problem!?

Во повеќе наврати сум се воодушевувал од вештината која ја покажувала Македонската радио телевизија во обезбедување на преноси од хокеј! Еден од водечките спортови во Македонија. Не заостануваат и со преносите од уметничко лизгање, нордиски дисциплини и светски првенства во фудбал за млади кои никој не ги гледа. БРАВО Но има моменти кога не смееш […]

Љубопитноста Мачката, Притисокот Пелистер ? САМО РАКОМЕТ С5Е6

Фото РК Алкалоид Плејофот татни, секое коло дерби, нешто што одамна не сме имале. Осврт на викендот со две ултимативно тешки и важни утакмици. Бараме зошто и како, поставуваме тези и уживаме во ракометот. Погледнете…

Имаме ли стратегија?

Спортот кој сите го сметаме за број 1, се соочува со безброј проблеми и препреки, дел од нив објективни дел субјективни. Од инфраструктурните, мал број на сали, и голем број од нив во лоша техничка кондиција, до современите, мал интерес кај децата, недостиг на соодветен стручен кадар, и од најновите неопходни пристапи, недостиг на бизнис […]