Политичкото влијание врз МРТВ, пресудно за преносите од Лигата на Шампиони? Podcast S1 E11.

Во подкастот со Марко Савовски откриваме неколку интересни детали за и околу Вардар. Како Марко воопшто дојде во Вардар, кои ритуали после натпревар биле клучни, за кого жали од поранешните играчи. Зошто во годините на голематa популарност во Вардар не се создадоа млади играчи? Каква национална стратегија е потребна за спонзорирањето? Дали Вардар намести барем […]

Чешките чевли удобни

Има една странска која вели ОБЛЕЧИ ГИ НЕГОВИТЕ ЧЕВЛИ, а во слободна интерпретација би значело да се ставиш во одредена позиција или ситуација во која е некој. Притисокот врз Лазаров растеше од денот на неговото назначување за селектор. Тој самиот призна дека има непријатели. Во одредена констелација на силите и во сенката на одлуките кои […]

Лазарова Сабота и Цветници

Интересен е фактот дека ракометната репрезентацоија на Чешка е повторно клучен фактор на патот кон светското првенство. Паметиме дека на минатото, едно од нашите најлоши, чесите нападнати од короната мораа да откажат, па Македонија како прва резерва отпатува. Дилемите останаа, требаше ли? Викендот пред Велигден е празнично пополнет. Лазарова сабота па Цветници. Сосема случајно ја […]

Бабиќ по вторпат под лупа!

Фото 24ракомет.мк Битолската публика ја сметам за една од најракометно едуцираните. Па таму секој втор, трет навивач играл или тренирал ракомет. Денот прекрасен, битолчани оние среќните кои успеаа да дојдат до билет неможеа да го дочекаат мирни натпреварот. Кафаните зелено бели, широк сокак исполнет со чкембари. По пат го сретнуваме Стефче, уште една битолска ракометна […]

“СТАР СИ КОГА ЌЕ СЕ ОТКАЖЕШ, ДОТОГАШ СИ СПЕКТАКУЛАРЕН”

Иако беше врнежливо попладне, иако тој трети април беше прав пролетен превртлив ден, иако беше ден – ни риба ни девојка – сепак полни со елан и ентузијазам и јас и Виктор со нетрпение го очекувавме овој ден. Иако тој ден и двајцата физички па и ментално бевме целосно потрошени, после истрчани полумаратони и извозени […]

ТИМУР ДИБИРОВ СИ ОДИ ОД ВАРДАР! САМО РАКОМЕТ S1E10

Со огромна жалост, ја објавуваме одлуката на еден од најдобрите, најпосветените, најверните, најклучните вардарови играчи, за крајот на неговара ера во скопски Вардар. Неделното пролетно попладне пропратено со повремен дожд, ни ја донесе веста за одлуката на Тимур Дибиров да ја заврши својата одисеја во Вардар. Ќе оставиме време за да ги средиме впечатоците, но […]

Гласникот на Вардар

Некако сосема случајно во годините кои за Вардар требаше да значат стабилизација и враќање на славните патеки, лошата вест стигнуваше во осминафиналето. Гласникот е Веспрем. Надежта дека за Вардар иднината е светла се појави на двапати. Првиот, доаѓањето на Вујо Мајсторе и почетниот успех и вториот, доаѓањето на шпанскиот спасител Дејвис. Во двете ситуации се […]

На 5 ти кај да си во Битола да си!

Вторникот го донесе најголемиот предизвик за Македонија, ама во фудбалот. Црвено жолтите, рисовите, се судрија со еден од светските гиганти, Португалија. Заслужено изгубивме, но никого не оставивме рамнодушни. Зборувам за тезата, спортот е најголемиот амбасадор. Во сенката на тој настан, битолчани заминаа во Нашице, мало место во Славонија, Хрватска. Градот со помалку од 9000 жители, […]

Where Do I Begin …

Безвременскиот хит на Енди Вилијамс, (мене лично верзијата на Ширли Бејзи ми е фаворит) на едно скопско радио, ме затекна во подготовките за натпреварот со Веспрем. Од друга страна пак насловот на шпанска МАРKA, за убиецот на џиновите, ми создаде еден пријатен микс на спомени, чувства и очекувања. Вардар е на крстосница, тивко како и […]

Ракометна Битола

Платформата за ракометна Битола почна да ги дава очекуваните резултати. Пелистер од далечната 2005 та не бил толку блиску до титула шампион на Македонија. Тие ниту во евро куповите немале можност како сега. Иако денот е во знакот на фудбалерите, Еурофарм Пелистер нема да биде сам. Доколку победата на фудбалерите против Германија во групата беше […]