Во првиот четвртфинален ден бевме сведоци на две вистини.
Првата, Барселона е голема екипа и ќе треба да се појават вистински мажи за да ја симнат од тронот. Оддалеку наслутувам за првпат во современава историја можност некој да ја одбрани титулата. Тие играат еден безмалку перфектен ракомет. Фантастична одбрана која противниците ги тера да шутираат од невозможни позиции. Во таква констелација, брилијантниот Де Варгас, само си ја билда статистиката. А нападот, е тој е пак посебна приказна. Едноставно со нетрпение ги очекувам сите нивни дуели до финалето? Ќе биде ли така?
Флензбург, пак, за кого имаме толку многу емоции во изминативе десетина години, полека го губи шармот. Со прилично скандинавска крв во вените, а премалку германска, упорноста и останатите доблести на пола копје. Но не би биле германците германци ако предвреме ги отпишеме. Нели?
Флензбург 29:33 Барселона
Втората, за која се двоумам и дури би можел да ја прекрстам во проклетство, парите не го прават тимот. Нашиот Раул, едноставно неможе да ја пронајде вистинската формула. Тој ме потсетува на алхемичарите од минатото. Многу работат, користат многу состојки, скапи состојки, имаат лабаратории, но, немаат резултат.
Помислувам на моменти да бидам и дрзок, па ќе си помислам, аха тоа е затоа што од Македонија замина со бегање.
Можеби е така. Но во овој краток коментар морам да внесам и еден чех, кој тивко но стрпливо си го зазема своето место под ракометното тренерско небо.
Коментарите се кратки, затоа што се однесуваат само на првото полувреме. Ако едно нешто кај ЕХФ е добро, тоа е што нема предолго да чекаме да ги видиме возвратните дуели.
ПСЖ 30:30 Кил
Вечерва пак ќе гледаме можеби малку поатомски ракомет.
Уживајте !