“СТАР СИ КОГА ЌЕ СЕ ОТКАЖЕШ, ДОТОГАШ СИ СПЕКТАКУЛАРЕН”

Иако беше врнежливо попладне, иако тој трети април беше прав пролетен превртлив ден, иако беше ден – ни риба ни девојка – сепак полни со елан и ентузијазам и јас и Виктор со нетрпение го очекувавме овој ден. Иако тој ден и двајцата физички па и ментално бевме целосно потрошени, после истрчани полумаратони и извозени […]
ТИМУР ДИБИРОВ СИ ОДИ ОД ВАРДАР! САМО РАКОМЕТ S1E10

Со огромна жалост, ја објавуваме одлуката на еден од најдобрите, најпосветените, најверните, најклучните вардарови играчи, за крајот на неговара ера во скопски Вардар. Неделното пролетно попладне пропратено со повремен дожд, ни ја донесе веста за одлуката на Тимур Дибиров да ја заврши својата одисеја во Вардар. Ќе оставиме време за да ги средиме впечатоците, но […]
Гласникот на Вардар

Некако сосема случајно во годините кои за Вардар требаше да значат стабилизација и враќање на славните патеки, лошата вест стигнуваше во осминафиналето. Гласникот е Веспрем. Надежта дека за Вардар иднината е светла се појави на двапати. Првиот, доаѓањето на Вујо Мајсторе и почетниот успех и вториот, доаѓањето на шпанскиот спасител Дејвис. Во двете ситуации се […]
На 5 ти кај да си во Битола да си!

Вторникот го донесе најголемиот предизвик за Македонија, ама во фудбалот. Црвено жолтите, рисовите, се судрија со еден од светските гиганти, Португалија. Заслужено изгубивме, но никого не оставивме рамнодушни. Зборувам за тезата, спортот е најголемиот амбасадор. Во сенката на тој настан, битолчани заминаа во Нашице, мало место во Славонија, Хрватска. Градот со помалку од 9000 жители, […]
Where Do I Begin …

Безвременскиот хит на Енди Вилијамс, (мене лично верзијата на Ширли Бејзи ми е фаворит) на едно скопско радио, ме затекна во подготовките за натпреварот со Веспрем. Од друга страна пак насловот на шпанска МАРKA, за убиецот на џиновите, ми создаде еден пријатен микс на спомени, чувства и очекувања. Вардар е на крстосница, тивко како и […]
Ракометна Битола

Платформата за ракометна Битола почна да ги дава очекуваните резултати. Пелистер од далечната 2005 та не бил толку блиску до титула шампион на Македонија. Тие ниту во евро куповите немале можност како сега. Иако денот е во знакот на фудбалерите, Еурофарм Пелистер нема да биде сам. Доколку победата на фудбалерите против Германија во групата беше […]
Кој е новиот шампион на Македонија?

Ова скопско саботно попладне не го даде одговорот. Скопската публика, научена на победи прилично изненадена од денешниот амбиент. Битолчани пак, со огромна доза на самодоверба, донесоа многу различна енергија во Јане. Да одиме по ред. Моментот со бесплатен влез сеуште енигма за сите, најмногу за оние верните кои на почетокот на сезоната авансно платија сезонски, […]
Денот Д

Како еден пензиониран љубител на фудбалот, а сега пасиониран ракометољубец, размислува во предвечерието на неколку исклучително важни спортски настани. Фудбалски, но пред се ракометни. Како секој искрен патриот, навивам со душа и срце за Македонија. И не за онаа со префикс, но за онаа мојата, вистинската. Македонија вечерва игра бараж за светско со Италија во […]
РОМАНИЈА МАКЕДОНИЈА 24:22

Фото РФМ БУКУРЕШТ Реванш бараж натпревар за пласман на светско првенство 2023 Ова беше: Натпревар кој што треба да го заборавиме брзо. И играта и резултатот. Се паметат оние од Скопје. И играта и резултатот. Натпревар кој што можеби ќе си го памети само Атанасијевиќ. Си го постигна својот деби гол за А селекција, па […]
СТРПЛИВО…

Фото Дерби Александар Табаковски Шокантна е листата и исклучително долга, за нештата за кои еден просечен македонец нема трпение! Можам да набројувам до недоглед, всушност само една споредба ќе направам. Еден просечен македонец нема трпение да чека на црвено, но од друга страна е исклучително трпелив додека го чека датумот ?! Спортот, посебно оној сегмент […]
