Солзите на капитенот и малиот рибар!

Знам зошто Кардиологијата на бизнисменот ја сместија во непосредна близина на СЦ Борис Трајковски.

Пресот доцнеше прилично. Соблекувалната бурно славела. На самиот крај го поздравивме селекторот со честитки и со големо олеснување. Честитавме и потврдивме дека Чешка одигра одлично, а селекторот кусо искоментира “Сабате е тренериште”. Тој додаде дека малку и физички паднавме, но таа тема ќе ја анализираме со нашиот матичен кондициски, Златко Јанакиевски.

Всушност тмурното и дождливо неделно предпладне и не делуваше многу охрабрувачки. Јас знам дека Македонија на празник не губи, картите беа разграбани, две легенди очекувавме да добијат дресови, но една кнедла постојано беше присутна.

На агресивноста и дрскоста на чешките изјави дека се дојдени да победат имав одговор, дрскоста се удира од глава. Така и беше.

Црвено жолта беше салата за прв пат по подолго време. Македонци од цела Македонија, изненадени од студеното и врнежливо време, со нетрпение го чекаа почетокот. И веднаш првото изненадување, еден дрес.

ЖУТИ,

Човеку, што и да напишеме, што и да украсиме, се ќе биде премалку за тоа што ти го даде за Македонија, за ракометот, за репрезентацијата. Играше и вчера како во своите најдобри денови, жестоко, на глава, инспириран, Ти си човеку инспирација !

Натпреварот скоро па одличен, Чесите на дрскоста во изјавите надодадоа и одлична игра, бестрашна, добра одбрана, одличен голман, оди во Кил патем речено, нападот брз и агресивен. Сега веќе е сосема јасно зошто беа така добри со Шведска и Шпанија на европското.

Ние всушност елиминиравме една исклучителна репрезентација.

Тука следат и моите две други забелешки. За прв пат по долго време натпреварот го доби тимот, без Лазаров предводен од Кузмановски, со Талески, Марковски, Митревски, одличната на моменти одбрана, решение во безмалку секој напад и втората забелешка Томи Јагуриновски.

Момчето за кое одамна зборуваме дека има она што не се учи или тренира, има еден малски термин за храброста, за дрскоста за немањето ниту страв ниту респект. Томи одигра на ниво на еден Александер Петерсон. Жестоко во одбраната, безкомпромисно во нападот. Македoнија дефинитивно добива жестока конкуренција на позиција десен надворешен.

Како одминуваше натпреварот, гостите притискаа, а ние нервозни. Но како флоскула се наметнува терминот Карактер. Македонија покажа карактер, па одигра самоуверено во последниот напад, Томи се заби во шест, пенал, Фитиљот на седум, шут, Мрква ја има, ноооо влегува, ГООЛ, МАКЕДОНИЈА е на светско.

Брзо ќе прелетам на сите позиции, Манасков многу фали, Малиот Атансијевиќ го почуствува репрезентативниот пекол, Ојлевски и Ѓеоргиевски со малку работа, Серафимов има доста за учење, Митревски одличен, Талески и Кузмановски земаа 26 од вкупно 46 шутеви, преземаа одговорност, постигнаа 15 од 27 погодоци. Пешевски и Марковски херојски, Жути со 150%, Кире повреден, рече Столе на време ме извади, за Томи веќе раскажав.

И полека дојдов до пресот, таму многу емоции, Столе изјави дека се повлекува, за Кире тоа е премногу, Жути и Столе … премногу ги сака и почитува. Рече ќе се обидам да го разубедам и побара помош од медиумите и јавноста.

Македoнија имала големи играчи, од некои се разделувала тивко од некои молкум, од овие двајца се разделува со солзи.

Столе и Жути се повеќе од играчи, Столе и Жути се икони, ерата на Македонија веќе поделена на ерата на Пепи и ерата на Кире, повторно ќе се редефинира…

Ерата со Столе и Жути и ерата без нив.

Мојот поклон до паркет, Ви благодарам за се што сторивте за МАКЕДОНИЈА.

17.04.2022 Скопје, Македонија

Македонија 27:25 Чешка

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...