Победа од 2 разлика !?

Во илјадниците натписи, теории, калкулации, која победа е доволна за реванш, прогнозата од 2 разлика ретко ќе ја пронајдеме. Во денешниот CATCH THE MATCH се осврнувам на натпреварот Македонија Романија. Прв натпревар од првиот бараж, за победникот следи и втор со Чешка. ТИМ Романија е селекција која својот прв сериозен настап го имала на хитлеровата […]

САМО РАКОМЕТ S1E9 Давид Дејвис, Веспрем е идеален противник за Вардар !

Давид Дејвис Камара, Извонреден гостин, исклучителна личност, врзан спортски за Македонија. Во  2014 пристигна за прв пат во Скопје и тоа беше првата задача. Неколку години во Скопје потоа Русија, Египет и еден вистински предизвик Веспрем од 2018 до 2021, во тие години двe учества на Ф4, едно финале, и една елиминација во четвртфинале. Дали […]

Веспрем како судбина

Да беше Македонија држава каква заслужуваме, ќе можев да го споредам малиот унгарски град со Скопје релевантно. Вака само можам да претпоставам дека има жители отприлика колку Тетово или нешто помалку од Прилеп. Значи 10 пати помалку од Скопје, или не? Кога се споменува Веспрем неколку асоцијации се наметнуваат, Ракомет, Кирил Лазаров, Лига на Шампиони, […]

Две карти молам! Битола на нозе…

Во навидум изедначен натпревар во првото полувреме ловориките ги собираше голманот на атињаните. Натпреварот тврд, тежок, не толку убав но со посебен набој. Знаеме ние. Не е литертурна форма а можеби е, редењето на впечатоци. Две вртени на Граџан, пикерот кој стана битолски зет уживаше вечерва. Плотунска стрелба на Стипе, кој по кој знае кој […]

Од Кале преку Јане до Келн, со Филип Илиев С1 Е8

Овојпат за ракометот разговаравме од зад кулисите. Не дека нашиот гостин доаѓа од театарско семејство, но затоа што тој својата љубов и страст за ракометот ја соединил со волонтирањето за двократниот европски шампион, скопски Вардар! Со Филип Илиев откриваме нешто повеќе за Вардар, за натпреварите во Лигата на Шампионите, за Данците, за солзите, за соблекувалната… […]

Вардар и Пелистер во последното редовно европско коло

Македонските тимови го комплетираат учеството во регуларниот дел од ЕХФ лигите. Дерби во првата лига. 08.03.2022 18.45 ч Еурофарм Пелистер АЕК ЕХФ Европска Лига Исклучителен меч за Битолчани. Да се зацрврстат на втората позиција, да покажат дека се тим за висок дострел. Јужниве со надеж за пласман понатаму, никако не смее да се потценат. 09.03.2022 17.00 […]

Да ова беше шаховска партија.

За почеток го искажувам своето задоволство кон МРТ и можноста да го погледнеме овој натпревар со спортски коментар на големите екрани. Забележувам дека сите натпревари во организација на РФМ, вклучувајќи ги и младинските категории, имаме можност да ги гледаме и на YouTube платформата. Но сепак телевизија е телевизија, нели? Но дали така беше? Пренос со […]

За “Женцкиот” ракомет

ФОТО ЕХФ Хронолошки гледано, популарноста на ракометот во Македонија, растеше преку грбот на женскиот ракомет. Па така најпрво во девеесетите негде, јас уште бев во војска, онака во зрели години, во Тетово, прва класа ШРО, македонска, девојките правеа чуда на светското во Германија. И додека “другарите” веќе коваа заговори и криеа пушкомитролези, ние неколкумина македонци […]

Неколку судиски (не)одлуки од полуфиналето Франција Шведска

Нашата “ПАСИВНА” неуморно трага по вистината. Колку подобро ќе ги запознаеме ракометните правила, толку повеќе ќе уживаме во оваа прекрасна игра. Од друга страна и ние жестоките навивачи ќе бидеме помирни во реакциите. Како што ветивме во специјалот ПАСИВНА ги ставивме под мониторинг судиите на полуфиналниот натпревар Франција Шведска од ЕХФ ЕУРО 2022. Денес ги […]

Пелистер загуби, сонот за висок пласман остана.

Во морето од забелешки, некои издржани, некои на ниво на желба а некои романтични, предлогот за стопирање на трансфери во тековна сезона и потпишување договори однапред, вечерва повторно се актуелизира. Наративот за мечот имаше две димензии, од тотално небитен за Татабања, до вториот покомплексниот, тешко ќе се добие оваа утакмица. За жал вториов беше поиздржан, […]