Фото Дерби Александар Табаковски
Шокантна е листата и исклучително долга, за нештата за кои еден просечен македонец нема трпение!
Можам да набројувам до недоглед, всушност само една споредба ќе направам.
Еден просечен македонец нема трпение да чека на црвено, но од друга страна е исклучително трпелив додека го чека датумот ?!
Спортот, посебно оној сегмент каде Македонија е навистина добра, не, одлична, ракометот, не е имун на овој па сега би можел слободно да го наречам синдром.
Па така, иако на сите треба да ни биде јасно дека натпреварот нема да го добиеме во првите 15 тина минути, ниту по првите 45 минути, веќе се чувствуваше едно благо летаргично незадоволство. Публиката, која патем речено ја имаше и повеќе од колку што треба, според таканаречените протоколи, не беше на ниво. Незадоволството се манифестираше преку недостигот на енергија, сплотеност и учество како 8 играч. Е сега пак кога во играта се вклучи пред се капитенот, Столе, пред се во одбраната и кога за неколку моменти кои беа трпеливо градени низ целиот тек на натпреварот, нз, проработе одбраната а нападот експлодира, стигна и поддршката. Секако добродојдена.
Околу подршката исто би можело да се дискутира на широко. Ние како класични егземплари на македонизмот, апсолутно неможеме да се сплотиме и по таа тема. Па така само можам да насетувам какви ќе беа насловите, доколку натпреварот завршеше поинаку.
А натпреварот, исклучително важен и исклучително тежок. Не по силата на противникот ами по силата на препреките кои самите ние македонците си ги создаваме.
Талески ја одигра својата најдобра партија во македонскиот дрес. Слична партија имаше и Кузмановски. Крилата не ни се прославија, иако Ојлески беше на 100%, па веднаш се бара отстрел за левото крило. Еве момент за поглед кон насловот! Момчето игра втора лига, мора да бидеме трпеливи.
И нема да биде тајна ако кажеме дека покрај 17 те погодоци на филиповците, за кои немавме трпение изминативе 5-6 години, факт, клучна улога изиграа пензионерите. Столе, Кире и Жути.
А дека и тоа воопшто нетреба да биде ама апсолутно никаков проблем, потврдата стигна пред неколку денови од Тампа Беј. Да верувале или не, за оние кои пратат американски фудбал, најдобриот на сите времиња, Том Брејди го продолжи договорот и на почетокот на следнат сезона ќе влезе со наполнети 45, четириесет и пет години.
Трпение ни треба за она малку што го имаме да го сочуваме и да му го продолжиме векот на траење. Да го изгледаме натпреварот во сабота, па да бидеме уште помудри!
17.03.2022 Во Скопје, Македонија
Бараж за светско, прв круг, прв натпревар
МАКЕДОНИЈА 30 Романија 22