Ракометна Битола

Платформата за ракометна Битола почна да ги дава очекуваните резултати.

Пелистер од далечната 2005 та не бил толку блиску до титула шампион на Македонија. Тие ниту во евро куповите немале можност како сега. Иако денот е во знакот на фудбалерите, Еурофарм Пелистер нема да биде сам. Доколку победата на фудбалерите против Германија во групата беше сензација, елиминацијата на Италија во полуфиналниот бараж-Чудо, за евентуалната елиминација на Португалија ќе треба збор да измислиме. Од друга страна, победа на Еурофарм Пелистер кај Ќерамидџиите за мене ќе биде само, очекувана. Да се запознаеме со противникот.

ТИМ

РК Партизан, денешен РК НЕКСЕ е формиран 1959 во Нашице, СФР Југославија. Оттогаш во неколку наврати го менува името се до 2006 та кога под закрила на НЕКСЕ групацијата го добива денешното име.

За разлика од Пелистер кој има освојувано многу титули, Нашице нема ниту една но, може да се пофали со еден интересен податок, а тоа е дека од 2009 та навака се континуирано втори.

Во пресрет на овој двомеч за прв пат по толку години успеаа да го добијат Загреб и да бидат во слична позиција во домашното првенство како и Пелистер.

ИГРА

Нексе може да го сметаме за класичен балкански тим. Играат ракомет со многу контакт, со многу мотив и емоции. Но тие знаат и многу да трчаат па на таа сметка постигнуваат и лесни голови. Сезонава во ЛЕ игра на 50%, 5 победи и 5 порази. Од нив 4 на домашен терен и само една на гостување. Постигнуваат 29,5, но и примаат многу голови, 30.

ИГРАЧИ

Тимот е составен од балкански играчи. Костурот се Хрвати и по некој Србин, Црногорец и Словенец. За издвојување, нам познатите, Јагањац, Вујин, Мелиќ, Томиќ и секако на клупата омилениот Бранко Тамше!

ТРАДИЦИЈА

Во изминативе години успеав да пронајдам 2 дуели во СЕХА и 2 во ЕХФ, резултатот е нерешен, 2-2.

ТЕРЕН

Нашице е мала сала, да не речам малска, но во неа се создава убава атмосфера. Земајќи го впредвид дербито во Скопје од саботата, оваа атмосфера не би требало воопшто да носи предност за ќерамидџиите.

СУДИИ

Босанските браќа, Амар и Дино Коњичанин и делегатот Томо Водопивец ќе го комплетираат се Југословенскиот дуел.

МОТИВ

И Македонците и Хрватите осоколени по победите над лидерите во своите првенства ќе сакаат да поентираат. Кај пелистерци моментот на лебедова песна на неколкумина може да го сметаме за X фактор.

Земајќи го уште впредвид учинокот на Еурофарм Пелистер во групната фаза, 5 победи, 2 нерешени и 3 порази со гол учинок 27 дадени и 24 примени, а занемарувајќи ги кладилниците, Пелистер за мене е фаворит !

ШТО ТРЕБА ПЕЛИСТЕР ДА НАПРАВИ

  1. Да не му дозволи на Нексе многу да трча
  2. Да го искористи евентуалното неиграњен на првиот нивни голман Морено Цар
  3. Да напаѓа стрпливо и самоуверено како со Вардар

За македонскиот ракомет !

Виктор Христоски

Вторник 29.03.2022 Во салата на Крал Томислав, Нашице, Хрватска 18.45 часот

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...