Во навидум изедначен натпревар во првото полувреме ловориките ги собираше голманот на атињаните.
Натпреварот тврд, тежок, не толку убав но со посебен набој. Знаеме ние.
Не е литертурна форма а можеби е, редењето на впечатоци.
Две вртени на Граџан, пикерот кој стана битолски зет уживаше вечерва. Плотунска стрелба на Стипе, кој по кој знае кој пат ни потврди дека од сенка е најсмртоносен. Колку само го критикувавме Никола Марковски и неговата спора игра во одбраната, тој сите муцки ги затна, денеска кинески, не Пелистерски ѕид. Кизо фаќа пенал само за да порасне фрустрацијата. Можеби најмногу следната сезона ќе ми недостасува ладнокрвно ноншалантно максималистичкиот пристап на Секељи. Човеку со таква леснотија браниш како да играш против пионери. За кубанецот за кој знам дека шетал низ соништата на раководни структури на РФМ, навистина сите ќе жалиме. Кога е најпотребно и тој ни покажа дека не попусто е made in croatia, човекот со своето и моминското, како на шега велат за Божиќ Павлетиќ. Маџо изгина и ако признаваме дека се мачи со реализација тогаш мора да признаеме дека гине, гине како и неговиот пандан дечкото со огромното срце, црногорецот Радовиќ.
И сега да го пофалам и агрономон, тој знаеше дека се поквалитетни и овој пат не ризикуваше и не лудуваше. Смирено вплови во сигурна победа.
За атињаните пофални зборови. Собрале храброст да донесат публика, дрскост да гостуваат во централна Македонија. Браво. Тренерот и играчите играа како да се екипа од европскиот ракометен врв, дојдени да победат, особина која треба да се почитува. Е сега да игравме ватерполо друго ќе беше, но атињани, Македонија е земја на ракометот!
Две карти, молам, дуелот со Нексе ќе биде можност Битола да ја поткрене летвичката.
08.03.2022 Во салата на легендата, Боро Чурлевски
Последно коло од групите ЕХФ Европска Лига
Еурофарм Пелистер 30 АЕК 19
PS OUR NAME MACEDONIA IS GLORIUS AND DOESNT CORRESPOND TO ANY ADJECTIVE Чкембари одам шешир да купам…