Во илјадниците натписи, теории, калкулации, која победа е доволна за реванш, прогнозата од 2 разлика ретко ќе ја пронајдеме.
Во денешниот CATCH THE MATCH се осврнувам на натпреварот Македонија Романија. Прв натпревар од првиот бараж, за победникот следи и втор со Чешка.
ТИМ
Романија е селекција која својот прв сериозен настап го имала на хитлеровата олимпијада во Минхен далечната 1936 година. Оттогаш со години настапувале и освојувале медали на сите големи натпреварувања. Медали имаат од Олимпијадите и тоа 4, од светските првенства, 6 и тоа 4 златни, но сево ова е во минатото. Некаде кон крајот на 90 тите од минатиот век, а можам да го поврзам со падот на комунизмот, паѓа и ракометот во Романија.
ИГРА
За играта во моментов неможам да најдам соодветна квалификација. Со доаѓањето на Паскал на чело за очекување е дека ќе играат еден модерен ракомет, но со оглед дека немавме премногу прилики да ги гледаме тешко е да се претпостави.
ИГРАЧИ
Составени се овојпат од исклучиво играчи од домашното првенство. Тоа не треба да залаже бидејќи романската лига со години важи за една од поквалитетните. Динамо Букурешт е клубот кој игра лига на шампиони и кој дава најмногу играчи. Дан Ракотеа и крилото Јоанеа, за мене се најзвучни имиња.
ТРАДИЦИЈА
Во меѓусебните дуели сме подобри. Но сме играле само 3 пати. 2018 та ги елиминиравме во бараж исто за светско, дома победа 32-24, на гости пораз 26-25. Игравме и една пријателска и таа ја добивме во 2019, 24-20. Овој пат и коефициентите ни се наклонети!
ТЕРЕН
Скопје е еден од најжешките терени и како што е најавата ќе има дозвола за околу 3-4000 навивачи. На овој терен паѓале и најголемите, па апсолутно ќе се земе за фактор.
СУДИИ
Судиска двојка од Словенија. За нив место во нашата рубрика ПАСИВНА
МОТИВ
По слабиот настап на европското, играчите но и селекторот, кој овој пат ќе биде пред се во улога на играч, имаат жесток мотив да покажат дека се на добар пат.
ШТО ТРЕБА МАКЕДОНИЈА ДА НАПРАВИ
- Да го наметно својот стил
- Да биде трпелива и да ја игра својата игра
- Да го искористи жешкиот терен во Скопје
ЗА МАКЕДОНИЈА, СРЦЕ НА ТЕРЕН
PS Победата од два разлика ќе биде доволна, ќе ги остави сите будни, па во сабота од Романија ќе се вратиме со уште една победа!