Веспрем како судбина

Да беше Македонија држава каква заслужуваме, ќе можев да го споредам малиот унгарски град со Скопје релевантно. Вака само можам да претпоставам дека има жители отприлика колку Тетово или нешто помалку од Прилеп. Значи 10 пати помалку од Скопје, или не?

Кога се споменува Веспрем неколку асоцијации се наметнуваат, Ракомет, Кирил Лазаров, Лига на Шампиони, одлична публика, Манасков Дејан…

А впрочем овој текст требаше да биде осврт на последниот натпревар на Вардар во групната фаза, во Скопје против Елверум. Но контекстот на обезбедено 5 место и противникот кој се знаеше за во 1/8 финалето, го помести фокусот две три недели понапред.

Сезоната која беше горе па доле, безмалку најдоле и сега пак горе, за вардаровата публика со слабо срце, навистина предизвик.

Со доаѓањето на познатиот лик, Дејвис работите во Вардар драматично се променија. На синоќешната прес конференција и самиот тој неможеше со сигурност да потврди што се случува во Вардар, едноставно рече, многу работа!

А натпреварот синоќа, почна лабаво ! Вардар тргна сигурно, викинзиве повеќе кон трибините гледаа, впрочем и по крајот на натпреварот останаа на паркетот, со аплаузи да ја поздрават скопската публика. Како изминуваше времето тие беа се посигурни во себе а вардарците се полабави.

И како по правило следеше казната, 40 и некоја минута а гостите имаа плус 3.

Е сега Вардар не би бил Вардар а Скопската публика не би била една од најдобрите ако не се случеше следното, Дибиров краде за контра, Томовски брани, Норвежанецов ја лови одбиената постигнува гол, публиката полудува барајќи престап, изолиран лик најверојатно за првпат во првите редови фрла вода на терен, сите полудуваат, Столе е господин покажува на ликот, редарите доаѓаат и со сиот свој интелект ја прават голема, прекин од неколку минути, Марче брани уште една, Дибиров КРАДЕ уште една, до крајот на натпреварот 16-8 серија за Вардар!

Со 78% реализација и само 3 изгубени топки, статистика која конкурира за врвот.

За Пелистер резервиравме карти, за Вардар ќе се чека само мерките сосема да паднат.

И оној сонот за 1/4 финале, нека не ми се лути, го заменив со нов …

09.03.2022 Во Јане, Салата крстена по еден од најмаркантните ликови во историјата на МАКЕДОНИЈА

ЕХФ Лига на Шампиони 14 то последно коло од групната фаза

Вардар 39 Елверум 30

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...