Гласникот на Вардар

Некако сосема случајно во годините кои за Вардар требаше да значат стабилизација и враќање на славните патеки, лошата вест стигнуваше во осминафиналето.

Гласникот е Веспрем.

Надежта дека за Вардар иднината е светла се појави на двапати. Првиот, доаѓањето на Вујо Мајсторе и почетниот успех и вториот, доаѓањето на шпанскиот спасител Дејвис.

Во двете ситуации се поставуваше прашањето до каде може овој Вардар?

Па видовме моменти на блесок, победите над Алборг и Мешков, па над Монпеље и Елверум, но и моменти на сериозна слабост, кои кулминираа со поразот во Скопје од Пелистер. И повторно немаме одговор на прашањето.

Синоќа во Јане по кој знае кој пат пристигна Веспрем. Надежите подгреани со добрите настапи во Лигата на Шампионите ги подолади поразот од Пелистер. Па така чувствата беа измешани.

Почетокот прекрасен, Јане грми, триесетина навивачи на Веспрем, многу познати лица во салата. Штербик, Диви, Илиќ, Македа, Нилсен, Ненадиќ, Марко Савовски…

За моменти блесоци од најдобрите времиња, 13 та минута 6-3 за Вардар, салата трепереше. Талески бомбардира, во одбрана се гине.

Но, гласникот не би бил гласник ако носеше добра вест. Следеа неколку измени во тактиката, па ротација и на наплата стигнаа сметките. Столе и Тимур беа единствени играчи кои во себе имаа багаж од одлучувачки дуели од ваков калибар. Од тука до крајот на натпреварот бековите на Вардар постигнаа само 4 голови, два Тале и 2 Њокас. Премалку за било каква надеж против овој Веспрем.

Некој дофрли, Коралес ги уништи Вардарците, но малку повнимателната анализа ќе покаже дека токму одбранетите удари на феноменалниот Родриго доаѓаа од играчите без шампионско педигре. За жал како и многупати досега аматеризмот во ЕХФ на дело па доколку ја отворите страницата за статистика ќе Ве пречека следната порака

An error occured while generating the report.

Кога сум кај ЕХФ најљубезно ги молам додека постои македонска екипа во евро куповите, да не делегираат балкански судии со желба за европски перформанси. За хрватите од синоќа се најлошо.

Моите прогнози сепак останаа на ниво на желба, Ниту Дејвис го активира стапчето, ниту чартерот задоцни, нивниот голман беше за шпиците, судиите беа се само не домашни. Јас пристрасно потврдувам дека Столе и Тимур дадоа безмалку се, дека Мартин и Тале растат и дека од скопската, македонската Вардарова публика подобра засега нема.

И кога ќе загубите, нема да Ве оставиме и ќе пееме напред Вардаре, напред Вардаре алеалеале !!!

31.03.2022 Во Скопје, Македонија, гласникот ја однесе победата во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Шампиони

Вардар 22 Веспрем 30

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...