Можеби еден од најдобрите воени романи во литературата, се занимава со војната, рововите, но најважно од се, со човекот, неговиот карактер и судбината.
Синоќешните два натпревари во многу елементи споредливи со воената вештина и стратегија. Атомски ракомет, врвно темпо, одлични поединци.
Во првиот, со голема радост ние македонците го проследивме враќањето на Деки, Манасков се врати на терените, во лигата на шампионите и се запиша во листата на стрелци.
Нашите две, од плејадата, омилени екипи, Веспрем и Алборг, долго водеа рамноправна битка. Сепак големиот избор, на по тип и креативност различни играчи, во корист на Веспрем во второто полувреме почна да ги дава резултатите. Да ги имаш во екипа, Мае, Јахија, Лауге, Македа и балканскиот магионичар Ненадиќ е врвно задоволство.
Веспрем и по конституција и по стил на играње одбрана е ноќна мора за секој противник. Од друга страна, двојникот на Оливер, немаше решенија. Неговите тенки и исклучително креативни бекови, често беа во прегратките на унгарската дефанзива. Алборг беа хит лани кога Веспрем беше запрен од францускиот отпор, но годинава личи дека улогите ќе се сменат.
Веспрем 36:29 Алборг
Втората пресметка, попрецизно, четвртата, беше безмалку едносмерна улица. Луцидниот Талант против вечниот Канаје.
Во еден исклучително нервозен, но впрочем кога влогот е Ф4 нема алтернатива, натпревар, киргизот имаше повеќе адути во ракавот. Да тој имаше и повеќе расположени но и играчи од шампионски ков.
Киелце не беа на последните два Ф4, па сега делуваат и подготвено и жедно за повторно враќање таму.
Монпеље 28:31 Киелце
Неможам да бидам имун и да не се осврнам и на судењето. Не дека мојата руброка ПАСИВНА се занимава со ракометните правила, но имам впечаток дека судењето на двата натпревари беше на граница на катастрофално.
Во очекување на реванш натпреварите…