Разврска во Лигата на Шампиони

Мојата омилена а малку подзаборавена рубрика, Јамб во Најава.

11.05.2022 18.45 ч Флензбург Барселона ЕХФ Лига на Шампиони

Бранителот на титулата на гости кај скандинавските германци, кои се своевидно изненадување. Тие во осминафиналето го елиминираа фаворизираниот Пик Сегед. Шансите за уште едно изненадување се сведени на минимум, но впрочем ние сакаме такви дуели.

11.05.2022 20.45 ч ПСЖ Кил ЕХФ Лига на Шампиони

Нашиот Раул во потрага по конечна формула за освојување титула со ѕвезди. Дали ова ќе биде последен негов обид во ваква формација ќе дознаеме по овој двомеч.

12.05.2022 18.45 ч Веспрем Алборг ЕХФ Лига на Шампиони

Вардаровиот немезис против ланскиот хит. Веспрем се наметнува како фаворит, но екипта предводена од симпатичниот двојник на Оливер Драгојевиќ не смее да се потцени.

12.05.2022 20.45 ч Монпеље Киелце ЕХФ Лига на Шампиони

Овој натпревар делува како наједносмерна улица. Моќниот Киелце како да е решен да оди по титула годинава. За тоа ќе треба прво да ги мине французите.

13-15.05.2022 КУП на Македонија

Викенд резервиран за разврската во купот. Битолчани во потрага по барем една титула кај мажите. Кај жените многу понеизвесно.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...