Север и Југ !

Фото ЕХФ Епските битки имаат вовед. Оваа не, не можеше ниту да се наслути дека ќе се претвори во битка уште помалку во епска! Магдебург важеше безмалку за апсолутен фавотит. Тие така и се однесуваа, во полуфиналето со Нексе, не ги испукаа своите адути. Португалците пак, срамежливо ја наметнаа својата амбиција уште со ангажманот околу […]

За ЕХФ, всушност и УЕФА и ЕУ

Фото ЕХФ Има една стара која вели, 100 пати повторена лага станува вистина. Митот за големината на Европа, од цивилизациски, техничко технолошки, хуман, морален карактер, полека се разоткрива. Европа е гнила, морално пред се, и полека од позадината се гледа нејзината неспособност. Пред неколку години бевме сведоци на очајната организација на настанот на векот во […]

3 Венчавки и Погреб

Возев утрово накај Радожда, македонската врвна дестинација за дегустација на ендемичната пастрмка која е во изумирање и се обидував да најдам совршен опис за вчерашниот натпревар во култната Блауграна, која патем речено слави јубилеј. Не, неуспеав. Впрочем проблемот произлезе од премалкуте впечатоци за играта, а преголемиот шок предизвикан од атмосферата. Па некако вака се обидував […]

Run and Gun

Поминаа безмалку 8 години од двомечот на Металург со КИФ Колдинг во осминафиналето на Лигата на Шампиони. Скопските плави, предводени од Лино Червар го збришаа данскиот шампион. Тогаш ракометниот маг даде изјава, Постојат два типа на ракомет, едниот е “run and gun”, а другиот е “знаење” ! Фантастично звучеше оваа изјава за сите старомодни типови […]

КУПОТ ВО ПОЛН СЈАЈ !?

Фото ЖРК Металург Почнувам со горчливиот вкус на очајната организација !!! Повторно како и во Скопје, организаторите, дозволија насилството да ги добие своите 5 минути. Неможам да разберам како е можно на финале на куп да влезат навивачи со палки, железни шипки и пиротехнички арсенал. Па ние една пластична вувузела неможеме да внесеме, ние обичните […]

На запад ништо ново, 2 дел

Можеби еден од најдобрите воени романи во литературата, се занимава со војната, рововите, но најважно од се, со човекот, неговиот карактер и судбината. Синоќешните два натпревари во многу елементи споредливи со воената вештина и стратегија. Атомски ракомет, врвно темпо, одлични поединци. Во првиот, со голема радост ние македонците го проследивме враќањето на Деки, Манасков се […]

На запад ништо ново

Во првиот четвртфинален ден бевме сведоци на две вистини. Првата, Барселона е голема екипа и ќе треба да се појават вистински мажи за да ја симнат од тронот. Оддалеку наслутувам за првпат во современава историја можност некој да ја одбрани титулата. Тие играат еден безмалку перфектен ракомет. Фантастична одбрана која противниците ги тера да шутираат […]

Разврска во Лигата на Шампиони

Мојата омилена а малку подзаборавена рубрика, Јамб во Најава. 11.05.2022 18.45 ч Флензбург Барселона ЕХФ Лига на Шампиони Бранителот на титулата на гости кај скандинавските германци, кои се своевидно изненадување. Тие во осминафиналето го елиминираа фаворизираниот Пик Сегед. Шансите за уште едно изненадување се сведени на минимум, но впрочем ние сакаме такви дуели. 11.05.2022 20.45 ч ПСЖ […]

САМО РАКОМЕТ S1E13 Oдиме во КИНА со Иван Марковски.

Иван Марковски од самиот почеток на подкастот беше со нас. Бараме одговори за ракометни прашања. Македонската репрезентација и нашите два во моментов најдобри клубови, ни се во фокусот. Разговаравме за промените во играта за очекувањата во следната сезона. Дали Талески и Кузмановски конечно ги видовме во вистинско светло? Иван е со нов меѓународен предизвик, а […]

Победници и Губитници

Моите новинарски гуруа од новата ера, Иван, Фран и Хрвоје, темава ја сметаат за една од клучните во спортот. За да се би имало смисла, сите аквизиции, напорната работа, инвестициите, потта и крвта, на крајот сакаме да сумираме. Почнувам веднаш и директно. Со губитниците: Металург, клубот воден или неводен, небитно, веќе го нема. Штетата за […]