Run and Gun

Поминаа безмалку 8 години од двомечот на Металург со КИФ Колдинг во осминафиналето на Лигата на Шампиони. Скопските плави, предводени од Лино Червар го збришаа данскиот шампион.

Тогаш ракометниот маг даде изјава, Постојат два типа на ракомет, едниот е “run and gun”, а другиот е “знаење” ! Фантастично звучеше оваа изјава за сите старомодни типови кои не можеа да го прифатат новиот начин на играње. Па си рековме, нема долго да трае, тешко е и ицрпувачки, а еве и лек најдоа.

8 години подоцна, втор ден сеуште сум под импресии од перформансот на Алборг и Веспрем!

Во натпревар со преку 100 шутеви, со 72 постигнати голови, а верувале или не ако ЕХФ повторно не лаже, само 14 изгубени топки, Данците славеа 37:35. Победата небитна, задоволството од врвниот ракомет за сите пари. Со се бакшишот !

Овој натпревар двата тима го изиграа безмалку растеретени земајќи ја впредвид разликата од 7 голови од првиот натпревар. Данците повторно ми го привлекуваат вниманието. Тие имаа врвен перформанс со десеткуван тим, како ли ќе изгледаат кога ќе се комплетираат и надополнат со најавените трансфери? Болката со која јас, а не е единствена од област во ракометот, се соочувам, за инволвираноста на крилата, данците дополнително ми ја продлабочија. Крилата на Алборг постигнаа 18 од вкупно 37 голови. Драги мои тренери, не ги заборавајте крилата, згора на се најзаштитени се па секој крив поглед е пенал и 2 минути.

Овој натпревар може да се презентира во секоја ситуација кога треба да се рекламира оваа наша игра. Ракометот во својот најубав сјај. Да, видовме и цепелини и транзиција и фантастични голови, можеби само голманите не беа на врвно ниво, но небитно, сепак во вториот дел и тие имаа свои моменти.

Вториот натпревар беше нешто сосема поинаку. Едносмерна улица од францускиот азурен брег па се до југот на Полска. Точно 2000 километри, или 60 минути доминација. Да французите се двократни европски шампиони, но овој Киелце е создаден од многу цврст и современ материјал. Тука и надзорот е перфектен. Генијално скоцкан тим од врвни атлети но без акцент на голема ѕвезда. Волф, Кара, Алекс, Дилан, Каралек…

Другари со нетрпение го очекувам Ф4, а во меѓувреме, најтешкиот ама и слаткиот период на шпекулации, кој се новите тренери на Вардар и Пелистер.

За тренерите следната недела…

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...