Со речник од Формула 1, слободно можам да кажам дека се изладивме. Финалниот турнир годинава се одржува во средината на јуни.
Изморени од потресите во македонскиот клубски ракомет, но презадоволни од неизвесноста која ни ја приредија Вардар и Пелистер, мирно го дочекуваме сепак овој викенд.
На менито се два деликатеса, Барса против Кил, дуелот на последните два клуба освојувачи на лигата. Рака на срце, Кил за мене во нелигитимната сезона, со мала дамка на успехот. Од друга страна, Барса апсолутниот рекордер по бројот на настапи но и титули. За нив ова е четврто по ред учество, и интересно во 2019 беа трети, изгубија од Вардар во епското полуфинале, 2020 втори, изгубија току од Кил во финалето, а лани 2021 први. Како ли ќе бидат пласирани оваа година? Кил пак имаше безмалку одлична сезона, иако во првенството беа втори зад Магдебург. Но во лигата на шампиони, направија едно големо изненадување, во двомечот со ПСЖ.
Во вториот дуел се среќаваат Веспрем и Киелце, наши добри познаници. Дeka ќе бидеме сведоци на уште една епска битка безмалку сме сигурни. Двата тима се наоружани со широк арсенал. Искуство, добра форма, одлични играчи, единствено мала предност на клупата сепак за пољаците. За Веспрем пак должноста да ја одбрани честа на послабо пласираните екипи, оти само тој до финалето стигна без пол позиција.
Викендов кој следи ќе биде вистински празник за сите ракометни сладокусци. Ние пак најавуваме одличен гостин и соговорник во новото издание на подкастот САМОРАКОМЕТ, посветен на ЕХФ Ф4 во Лигата на Шампиони.
Нека победи ракометот !