Првиот полуфинален дуел траеше цела вечност.
Во првото полувреме уживавме во најубавото од ракометот. Одличен напад, преубави голови, жестока одбрана, и голмански интервенции.
Киелце на моменти блескаше но впечаток беше дека освен Алекс и пикерите, останатите како да беа во грч.
Унгарците пак го имаа на голот феноменалниот Коралес, разиграните Лауге, Штрлек, Ненадиќ, Јахија, па на моменти се добиваше впечаток дека на Илиќ патот до финалето му е отворен. Но и покрај огромната разлика во интервенции на полувремето имаа само плус 2.
Додавам дека бележникот за судуски грешки остана празен.
Второто полувреме нешто сосема друго. Како продолжеток на холивудски блокбастер, ама сниман под палката на неколку нови и млади режисери.
Веспрем сеуште во соблекувална, Киелце на стероиди, се појавија безмалку сите бекови. Дури и Волф забележа интервенција. Кара, Алекс и компанија притиснаа јако.
Илиќ делуваше смирено и бараше решенија. Но нив ги немаше. Згора на се за наплата дојде и фактот дека играа со 3 безмалку исклучиво одбранбени играчи кои подготовките ги поминале на врвот на Аљаска. Па по црвениот картон, на Блаж, како се да се сруши. На голот долго беа без интервенција, клупата се подзагуби па во еден момент имаа 7 играчи во одбрана, фрлаа топки кај противникот, промашуваа, не реализираа и еден пенал, имаа премногу исклучувања. Во вториот дел само Лауге со неговите брзи пробиви ги одржуваше во живот.
Данскиот судиски пар повеќе време помина зад ВАР мониторот отколку на теренот. Натпревар со преку 100 напади и преку 70 голови во духот на брзите акциски филмови.
Кара и Алекс одат во финале, Диме, Маке, Деки овојпат не.
18.06.2022 Во Келн, родниот град на композиторот Јаcques Offenbach
ЕХФ ЛШ Ф4 прво полуфинале
Веспрем 35:37 Киелце