Вардар е Македонија, а Македонија не смее да е ЕУ?

Фото: Италијанскиот цртач Марио Импорта ја прикажува Европската Унија како нацистички логор на смртта во Аушвиц, а британскиот премиер Борис Џонсон како затвореник кој бега.

Во купиштата статистички податоци и категории во кои е едноставно да се изгубиш, инспириран од американските професионални спортови, барам категорија во која сме единствени. Како народ, како држава, како клуб.

Па така ние Македонците ја имаме таа привилегија, нашиот Македонски клуб, РК Вардар, како претставник на Македонија, да е единствен клуб кој се дрзнал и притоа успеал да ја освои титулата Европски Шампион во Ракомет и тоа во два наврати, доаѓајќи од земја која не е членка на ЕУ. Го земам в предвид новиот формат на Лигата на Шампиони започнат од 1993. Досега таа привилегија ја имале клубови од Шпанија, Германија, Франција, а по еднаш Словенија и Полска. Сите горди членки на ЕУ!

Во годината кога конечно западот јасно му стави до знаење на истокот дека не го сака и дека по секоја цена е решен да го уништи, геополитички, а спортот не е имунизиран од политика, ЕХФ реши да се ослободи од последниот натрапник. РК Вардар 1961, двократниот европски, актуелен Македонски Шампион.

И еве ако можеби не сум во право, а сум, фрлам поглед на ексклузивниот клуб од 16, сите повторно горди членки на ЕУ, со исклучок на кралството Норвешка, кое да не заборавиме е 4 најголем извозник во светот на енергенси, но и член на Европската економска зона ЕЕА.

Правам паралела, доколку задоцните со плаќање на рата од банка љубезните оператори ќе Ве предупредуваат неуморно, за неплатена сметка добивате писмени опомени, за долг од фирма ќе Ви пратат картица… потоа ќе следи опомена пред тужба и разврска.

За Вардар прво дојде разврската !

Во понеделникот на 27 јуни, Вардар свика прес на кој говореа, Господинот Михајло Михајловски, мецената на Вардар и капитенот Столе Стоилов, иконата на Вардар. Рекорден број од 27 претставници на медиумите беа присутни. На редовна прес конференција од ЕХФ ЛШ има од 4-7, неброејќи ги странските евентуални известувачи. Пресот траеше и рекордни пеесетина минути.

Од досега добиените информации од двете страни пресудата е кратка и егзекутивна, Вардар е исклучен од Лигата на Шампиони, без објаснување. Од зад кулисите стигнува информацијата дека Видерер на Михајловски му рекол парафразирам, ние едноставно неможеме веќе да се занимаваме со Вардар.

Да, впрочем, и Македонија доби датуми за отпочнување на преговорите. Но тие, ЕУ, не сакаат да се занимаваат со Македонија и Македонците, претпочитаат нешто по хермафродитско, поблиску до нивните квазивредности.

Доволно е, јасно е, на многумина им пречиме, искрено незнам зошто, но крадам еден пасус од текстот од 29 мај, Митот за големината на Европа, од цивилизациски, техничко технолошки, хуман, морален карактер, полека се разоткрива. Европа е гнила, морално пред се, и полека од позадината се гледа нејзината неспособност.

Македонија постоела и ќе постои, Македонците се реалност, а Вардар повторно ќе биде симбол на Македонија.

Скопје, Македонија !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...