Металург според кумановската, Дошја нож… С1 Е6

Лоши вести за македонската ракометна сцена, МЕТАЛУРГ е суспендиран! Еден од најтрофејните македонски клубови, расадник на таленти и репрезентативци, ги минува најтешките денови. Сценарија има неколку, што ќе се случува со клубот од Автокоманда раководството во моментов неможе точно да каже. Го прашавме Иван и за впечатоците од европското првенство, за шпанскиот и скандинавскиот систем, […]

ЈАМБ ВО НАЈАВА, 01.02.22-07.02.22

Foto EHF По вртоглавото европско по повеќе основи, повторно се враќаме во нормала. Ах, да, верувале или не, СЕХА е жива. 02.02.2022 18.00 ч Металург Вардар Македонска Супер Лига Во една за мене поразителна ситуација во која раководството го држи клубот (Металург) подолг период под изговори за стабилизација, некогашниот десерт сега ќе биде тежок за варење. […]

ВИКИНЗИТЕ НА ТРОНОТ

28 години од воспоставувањето на европските шампионати, и нивната прва титула, Шведска е повторно Шампион. 20 години од својата последна освоена на домашен терен, вечерва ја освоија својата и рекордна 5 та титула. БРАВО Денот започна доста емотивно за шпанската спортска но и поширока јавност, откако нивниот миленик Рафа Надал го освои АО и стана […]

Едноставно, Јим Готфридсон!

Возбудата не изостана и на вториот натпревар. Но она што ми го одвлече вниманието беше нешто сосема друго. Ако сите ракометни сладокусци останаа без збор за играта на малиот Лук Стеинс, а ние во Скопје постојано сме во потрага по среден, како спас за Вардар, како можеме наједноставно да го опишеме Јим или по нашки […]

ФУРИОЗНО !

На лицата на Маке и Кање, хероите наши од епските денови на Вардар, ја видов најискрената насмевка. Радоста од победата против апсолутните фаворити Данска, беше огромна. Иако натпреварот почна исклучително нервозно со огромен број на изгубени топки, со апсолутна доминација на голманите, во која Ландин беше за нијанса подобар, сепак крајот беше спектакуларен. Данците имаа […]

Ракомет а не фудбал

Впрочем македонскиот медиумски простор и неговата содржина, беа тригерот за појава на САМО РАКОМЕТ. Така и денеска очекувајќи позитивни одговори од вибер групата, за ракометна средба во една од скопските кафани, за заедно да се изгледаат полуфиналињата, прочитав наслов и благо ме испровоцира. Еве го насловот во целост: “Шведска и Норвешка како да играа фудбал […]

Југославија, ЕХФ и Викинзите !

Да почнам веднаш и искрено, многу ми е жал што не сме во вториот круг. Во ситуација кога ама баш ниту еден натпревар неможе да се подготви со стопроцентна сигурност, навистина се отвараат многу можности. Или еве по ред, ама од крајот. Дека северот не е студен и безчуствителен ни покажуваат изминативе денови сите Викинзи. […]

22 ри во Европа

Неможам да се сетам дека во некоја категорија од општествено политичкото, спортско, па и било кое милје котираме така високо. Сепак најракометната нација, или државата во која ракометот е спорт број 1, нема да биде задоволна со ваквиот развој на настаните? Но зошто е тоа така? Претпоставувам поради површноста, овде на балканот еден тротоар најобичен […]

Бројките не лажат !

Еден наш истакнат ракометен соборец, аналитичар и теоретичар на заговор рече: Статистиката е како бикини, многу покажува но, не ги открива главните моменти ! Па земајќи ги в предвид големите мисли, бројките и општиот впечаток, како некој второкласен забавувач кој 75% од од концертите ја тера публиката да пее, оставам на читателите да извлечат заклучок. […]

Подкасти, емоции, политики..

Поразот од Црна Гора, отвори старо нови дилеми. Колку имаме опции, како трчаме, колку сме конкурентни? Овојпат и од аголот на еден од најдобрите македонски кондициски тренери, Златко Јанакиевски. Погледнете: Во понеделник завршува мисијата Македонија на Европско 2022. Сите погледи насочени кон квалификациите за светско, но и кон европското за жени кое годинава се одржува […]