ФОТО СЕХА Лига
Не можам да го занемарам фактот дека во рок од 24 часа повторно видовме неквалитетен ракомет. Првото полувреме во духот на ако мора ќе играме, лошите судии и уште полошата реализација на двете екипи.
Еден од интересните моменти беше секако и Вујо на трибините, како потврда дека немаше многу што ракометно да се види.
Вардар можеби прикажа добра одбрана, особено во првата фаза од второто полувреме па и два сосема солидни голмани. За Томовски знаеме но полека и сосема скромно на површината испливува и Гогов. Она што радува секако се само 2 примени голови за безмалку 20 минути. Добро покривање, добро движење, антиципација. И сето тоа и повеќе од доволно да се совлада шампионот на северниот ни сосед. Се, под 10 разлика сметам дека е апсолутно лошо имајќи ги впредвид аквизициите и амбициите на црвено црните.
Нападот е посебна приказна. Цела Македонија очекува бековска постава која ќе биде континуирана закана, но сем повремени блесоци континуитет нема!
Дека и во Вардар не се сите овци на број ни доловија французите во својата емотивна и експресивна комуникација, Тото и еден од Њокасите. Може даделува прерано констатацијата дека пак Дејвис на клупата делува доста посмирено од Вујо и дека се обидува да решава ракометни а не политички прашања.
Во Вардар дијамантите се вечни, па така Дибиров со само 30 минути, и капитенот во само десетина, на сите таму на теренот и нам покрај малите екрани ни демонстрираа што значи врвна класа. Со жалење можам да констатирам дека бевме разгалени од перформансите на плејада вакви играчи кои настапуваа пред се за Вардар но и за Металург, а сега со нетрпение ќе очекуваме појавување на уште некој нов играч од таков калибар.
Блесок на Мишевски во една акција и отсуството на македонскиот потенцијал на теренот, потврда на тезата од дуелот на битолчани дека и во СЕХА веќе нема место за младите. ШТЕТА !
08.02.2022 У Новом Саду ееееј СЕХА Лига
Војводина 16 Вардар 26