Низ иглени уши, Пелистер подобар од Кадетен за второ место во групата.

Натпревар за инфаркт. Во историјата апсолутно заштитен знак кога играат македонските и клубови и репрезентации.

Огромен беше притисокот, ростерот сега веќе воопшто неизненадувачки непотполн. Без десен бек на располагање. Агрономот реално во зима нема многу обврски. Но сепак и во овој дуел не успеа да не убеди дека е вистинскиот за иднината на Пелистер.

Прилично тврд и тежок натпревар. Не сум сигурен дека Кадетен располага со голем квалитет, но со самодоверба и искуство сигурно.

Зелено белите не играа лошо. Но не играа ни ништо посебно што би можело да се нарече тимска или систематска игра. Едноставно носени на крилјата на неколку извонредни поединци. На моменти Радовиќ, кој е играч со една посебна енергија, Табоада и секако Периќ, беа претешка задача за прилично цврстата и агресивна одбрана.

Од онаа димензија за која сите копнееме, македонски играчи да растат и да бидат носители повторно видовме малку. Можеби одбрамбено, македонците дадоа најголем придонес. Во напад Марковски сигурен, ној тој веќе го носи префиксот искусен, Маџовски истрошен во одбраната повторно се мачеше со реализацијата. Костески со одлична минутажа конечно. Реализаторски не совршен но за него иднината допрва доаѓа. Танковски и Кукуловски под итно мора да бараат или минутажа или клуб кој ќе им ја даде. Кизиќ на голот, се чувствува дека не е во ритам, но сепак со она малку внимание што го добива од Агрономот, со подобар процент од унгарецот.

А за љубителов на овошките еве уште неколку забелешки, сеуште нема сигурен изведувач на пенали. Нема решение за реализација со играч повеќе. Нема соодветна контрола на клупата, па има исклучувања за играч повеќе на терен. Игра преспоро и често се наоѓа во ситуација кога делува немоќно па е на прагот од готово да направи вересија.

На крајот огромна победа за битолскиот и македонскиот ракомет. Чкембарите даваат посебен шмек на секој натпревар и со нетрпение ќе чекам паѓање на протоколите и полна сала во фазата на елиминации.

22.02.2022 на овој интересен датум под Тумбе Кафе

ЕХФ Европска Лига

Пелистер Еурофарм 27 Кадетен 26

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...