Пелистер преполовен, во одлично издание

Фото РК Еурофарм Пелистер

Еден од поубавите натпревари кои Пелистер ги изигра низ годиниве.

Напаѓачки можеби не, но тоа што поприлично македонската, одбрана го демонстрираше вечерва на француско тло беше одлична дефанзивна поставка.

Изминатиов период иако преокупирани со сортите кои летаат низ мислите на Жељко, а дополнително изненадени со големиот број на отсуства од ростерот, практично да немавме никакви очекувања од ова гостување. Иако Ним е на средината од табелата во француското првенство, со своите моќни игри во ЛЕ а и со претставата во Битола, тој беше апсолутен фаворит. Моето омилено хоби, ѕиркање во коефициентите, дополнително го спушти и она малку адреналин. Но, градинарот не би бил “скап тренер” доколку не исфрлеше неколку свои итроштини.

Па така упорно ги напаѓаше французите, (хм еве еден краток опис на Ним: еден Снуп Дог, Еден Снуп Дог на стероиди, двајца љубители на ликот и брадата на естонецот Патраил, еден обожавател на Никучот, неколкумина французи и еден легендарен ветеран) преку пикер. Во одреден дел од натпреварот тоа малку и му се удри од глава но сепак ризикот беше пресметлив. Повеќе од немајкаде него од тактичко стратешка природа ја постави гранитната линија од македонци. Па така французите како да беа на солунски, Кукоски, Марковски, во неколку моменти исклучителен Маџовски, Велковски и делумно Кукуловски беа ноќна мора на горенаведенава во загради менажерија.

Е сега агрономов и не би бил свој ако не не наградеше и со неколку бисери. Па така повеќе од евидентно низ месециве е дека неиграњето, од Танковски и Кукуловски создаде плашливи и сомнителни бекови. Агрономов во моменти кога можеби и се кршеше натпреварот ги постави заедно да го водат тимот. Чудно нели? Кога Секељи премина во хибернација на Кизиќ, кој патем и во Вардар знаел да биде X фактор не му довери минути. И така уште неколку бисери за да сепак на крајот и покрај одличното издание на Пелистер, останеме без бодови.

Дека насадите му се длабоко во мислите, ни потврди и во ситуација кога под пасивен напад со можност за само едно додавање го уфрли Марковски за игра 7 на 6. Или можеби јас сум сепак преимпресиониран од земјоделските потенцијали?

Со ризик дека многумина нема да се согласат, а со желба овој транзициски период на македонската ракометна репрезентација полесно да го прележиме, предлагам две братски неврзани аквизиции, дирекно од Куба, на лев Табоада и на десен Куни?

Во дуел со еден исклучително сериозен тим, битолчани со она малку сили на располагање заслужија висока оценка и макар еден бод.

25.12.2021 Во римската провинција Ним ЕХФ Европска лига

Ним 25 Еурофарм Пелистер 23

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...