Елверум за старт

CATCH THE MATCH Среќен роденден Вардаре ! Вардар оваа 2021 слави 60 години од формирањето. Во таа 1961 тогашниот скопски Графичар се преименува во РК Вардар и така се започна. 60 години подоцна Вардар влегува во својата 16 та сезона во лигата на шампионите и на својот грб гордо носи 2 ѕвезди. Гостување на северот […]

BARÇA

Денеска едноставна задача имам, треба да го претставам третиот финалист. Барса. Едноставно најдобри. Кога ќе ги погледнете остварувањата зад тимот едноставно занемувате. Рекордери се во безмалку секоја категорија. Играат најубав ракомет, ги имаат едни од најдобрите ракометари и секако еден од најдобрите тренери. Ако размислувате како да ја победите Барса и ако треба да побарате […]

El comandante

Вториот учесник на ЕХФ Ф4, 2021, нам одлично познатиот Париз, ПСЖ. Некако со нив и Барса, во дуелите со нашите Металург и Вардар, сите ние го спознавме врвниот ракомет. И не само тоа, ами и дојдовме до спознанието дека и ние коњ за трка имаме. Втората врска со Париз е Раул Гонзалез. Ел Команданте ! […]

UNDERDOGS

Кога решив да направам осврт на овогодинешниот Ф4, сеуште ја чувствував горчината од минатогодишниот организациски дебакл. ЕХФ е сеуште во повој, ракометот е прекрасна игра, но несфатливите критериуми при одредени избори оставаат темни дамки. Нo … Викендов во Келн, закрепостената тврдина, ќе се одигра за нијанса поправеден од лани, ЕХФ Ф4. Веднаш пред очите имам […]

Швајцарија за крај

За крајот на овие квалификации ни остана натпреварот со Швајцарија. Работата ја започна прилично успешно Брестовац, но по фијаското на светското во Египет, мораше да ја предаде палката. Продолжи Лазаров, во за нас една сосема нова ситуација. Играч-Капитен-Селектор. Ситуација која ја извади Македонија од дното во која не закопаа настапите на светското, до врвот со […]

Одиме во Финска

После стартната победа против Финска, а имајќи ги впредвид досега одиграните натпревари, Македонија е апсолутен фаворит. Да прелетаме набрзина преку финскиот тим. ТИМ Финскиот ракометен тим е апсолутен анонимус во ракометниот свет. Најголем успех на тимот е освојувањето на Челенџ Трофејот, турнир за репрезентации во развој во 2009 та година. ИГРА Неможе да се каже […]

Натпревар за докажување

Како на двомечот со Романија гледа еден од новиот бран млади но сепак искусни тренери, Веко Мицевски. Тренер на ЖРК Спартак и професор во Спортската академија. Натпревар за докажување, но и момент кој треба да го запазиме за да видиме до каде сме и дали сме на вистински пат. Играме со противник кој има континуитет […]

MАКЕДОНИЈА ПРОТИВ РОМАНИЈА

Уште еден бараж во кој се судруваме со ракометна сила но и со сопствената реалност! 25 то Светско првенство ќе се одржи оваа 2021 година во Шпанија во 5 градови од 1 до 19 Декември и за првпат ќе биде со 32 земји учесници. ТИМ Романија е за жал со беспрекорна статистика кога станува збор […]

Киелце го пречекува Нант

Што нè очекува од реванш мечот меѓу Киелце и Нант? Ако треба да направиме една солидна анализа, секако најдобро е да се потпреме на некое искуство. Искуството во случајов ни е многу свежо, затоа што пред само една недела можевме да го гледаме овој натпревар. И што научивме од овој натпревар? Моментална форма: Научивме дека се […]

ВАРДАР го пречекува Веспрем

За првпат во овој формат на Лигата на Шампиони, а како последица на корона ситуацијата, сите екипи ќе играат осминафинале. Во Скопје на Вардар му гостува Унгарскиот гигант Телеком Веспрем. ТИМ Веспрем е Унгарски Ракометен тим од истоимениот град и е неприкосновен во унгарското првенство. Основан 1977 година, долг низ на години е во врвот […]