Одиме во Финска

После стартната победа против Финска, а имајќи ги впредвид досега одиграните натпревари, Македонија е апсолутен фаворит. Да прелетаме набрзина преку финскиот тим.

ТИМ

Финскиот ракометен тим е апсолутен анонимус во ракометниот свет. Најголем успех на тимот е освојувањето на Челенџ Трофејот, турнир за репрезентации во развој во 2009 та година.

ИГРА

Неможе да се каже дека имаат своја препознатлива игра, но впечаток е дека близината си го прави своето, па делува дека би сакале да се дел од скандинавската школа. Во овој циклус одиграа 4 натпревари и имаат 4 порази. Сем натпреварот со Швајцарија на гости сите натпревари ги изгубија со голема разлика. Примија 137, а постигнаа 95 голови. Во просек примаат 35 а постигнуваат едвај 24 голови.

ИГРАЧИ

Во целиот тим се издвојува еден играч. Бекот Макс Гранлунд кој постигна повеќе од третина голови на својот тим.

ТРАДИЦИЈА

Пребарувајќи низ архивите не усеав да пронајдам дали нашите тимови досега играле меѓусебно. Останува натпреварот од првото коло како единствен досега.

МОТИВ

За нив секој натпревар со екипа од повисок рејтинг е мотив сам посебе. За Македонија со новиот селектор, задачата е јасна. Победа за потврда на новиот свеж ветар.

ШТО ТРЕБА МАКЕДОНИЈА ДА НАПРАВИ

  1. Да биде трпелива и да си ја игра својата игра.

2. Ако се создадат услови во игра да се уфрлат неискусните играчи

За Македонија

Среда 28.04.2021 Кокс Арена Рихимаки, Финска 17.00 ч

ЕХФ ЕУРО 2022 Квалификации 5 то коло

Финска Македонија

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...