За крајот на овие квалификации ни остана натпреварот со Швајцарија. Работата ја започна прилично успешно Брестовац, но по фијаското на светското во Египет, мораше да ја предаде палката. Продолжи Лазаров, во за нас една сосема нова ситуација. Играч-Капитен-Селектор. Ситуација која ја извади Македонија од дното во која не закопаа настапите на светското, до врвот со победата против светскиот шампион од тоа исто светско, Данска.
Можеби за прв пат во историјата стоиме исклучително високо, со многу бодови и со извесна доза на гордост. Ние сме (повторно) МАКЕДОНИЈА. Или со речникот на Столе, нека дојде кој сака!
ТИМ
Швајцарскиот ракомет не е непознат ниту во светски ниту во европски рамки. Тие во својата историја имаат настапи и на Олимпијади и на Светски и на Европски првенства. Својот најдобар пласман на Олимпијада е остварен во времето на Хитлерова Германија, биле трети (од 6 земји), два пати четврти на светските во 1954 и 1993, додека на европските не учествувале од поодамна. Сепак на последното светско во Египет играа убав и атрактивен ракомет па забележаа две победи против Алжир и Исланд и три порази од исклучително јаките Франција, Норвешка но и од Португалија.
ИГРА
Играат модерен ракомет. Базирана на вонсерискиот, а мој “миленик” Андре Шмид. Тој безмалку во стилот на нивното надалеку познато ноже, ја води играта, додава, реализира и е алфа и омега во тимот. Интересно е дека нивната игра осцилира. Па на пример во овие квалификации 1 минута ги делеше од победа над Данска но и од пораз од Финска. Се чини играат на гол повеќе, постигнуваат 28,4 по натпревар. Но играат и сериозна одбрана поткрепена со интересни голмани. Сепак примаат 27 голови по натпревар. Исклучителен натпревар беше оној во Финска каде примија само 19.
ИГРАЧИ
Андре Шмид е вонсериски. Но екипата е надополнета со голем број на играчи кои играат во германското првенство. А тоа се разбира носи искуство. Втор по ранг е соиграчот на Миркуловски, Рубен.
МОТИВ
Да се победи Македонија во Скопје е мотив за секој сериозен ракометен колектив. Иако без големо натпреварувачко значење за двете екипи, очекувам Швајцарија да се обиде да изненади. Од друга страна, селекторот Лазаров, ќе сака со јаготка на шлагот да го заврши првиот свој циклус.
ШТО ТРЕБА МАКЕДОНИЈА ДА НАПРАВИ
- Едноставно да ја игра играта од последниот натпревар со Данска во Скопје па и од првиот во Швајцарија https://samorakomet.mk/posle-bitka/od-tribini-e-polesno-od-pred-tv-ushte-polesno/
- Да ги лимитира пред се Шмид а потоа и Рубен
PS Од мене засега неразјаснети причини кладилниците поставија коефициент во полза на Швајцарија. Еве можност за екстра прилив. Македонија сигурно победува !
Недела, Велигден 02.05.2021 Скопје Македонија
ЕХФ ЕУРО 2022 Квалификации 6 то, последно коло
МАКЕДОНИЈА Швајцарија