Значи верувале или не утакмицата ја доби Брестовац, факт е дека можеше и да ја изгуби.
Најпрво ќе ги издвојам добрите негови потези
Анализата на играта на Швајцарците базирана на Енди Шмит школски ја одрботил, веднаш почна со 5-1 практично полуфластер на Шмит и до 8-9 минута имавме контрола. Храбро ротираше во одбрана кога играа 7 на 6, Тука проблемот е во браќата Марковски, спори неприсутни и очајно мотивирани оставаа премногу дупки. Играше стрпливо и кога промашувавме, а промашувавме доста. По тајмаутот го стави Томовски, Х фактор, малиот мува не го лази и веднаш даде резултат 3 одбрани и 2-3 шута покрај гол. Го задржа Мишевски безмалку 15 мин на терен, а малиот како и овој пред него одговори супер во одбрана, трпеливо во напад, спали една бомба кога требаше и со само една изгубена топка сомнително досудена беше вториот Х фактор. Голема честитка за Брестовац и за повлекувањето на голманот и игра 7 на 6 во моментите кога швајцарците беа подготвени на се или ништо да играат пресинг по целиот терен.
Е сега за лошите. Несмееше со едно лево крило да патува. Маџовски има многу штоф во него поготово е значаен во одбрана цврст и бескомпромисен извлече две пробивања, но неиграњето важни натпревари се виде во моментите на одлучување, два промашени шутеви и една изгубена топка. Доколку имавме уште едно крило, истиов ќе можеше и да одмори и да биде посмирен. Невадењето на Кире кој беше под жесток фластер и кој промаши невообичаено многу шутеви, иако Кире е легенда зборува дека сеуште авторитетот му е во црвено и не се прашува за се тој туку и други одлучуваат. Прво полувреме ротираше само во одбрана додека нападот беше заклучен. Па така се чувствуваше безидејност во нападот и исцрпеност креативна. Тоа доведува до очајните 5-7 минити на таканареченото откритие да незнае каде е на теренот. Му упатувам најголема подршка на Георгиевски и би сакал да биде важен член на Македонија но пред него има уште многу пат да се изоди. Изоставувањето на голманот на колото во лигата на шампионите нема потреба посебно да го нотирам. Пешевски игра во врвна форма во Бундеслигата и неочекувано малку беше на теренот што го прави нервозен, две пробивања и два промашени зицери е премногу за врвен пикер во кој треба да прерасне. И последната замерка а не е мала е фактот дека премалку или воопшто нема акции за шут од лев бек и лево и десно крило, навидум лесно сме читливи и во натпревари со екипи од наше и повисоко ниво ќе ни биде навистина тешко. Малку и за играчите. Кире е Кире и покрај тоа што е едвај 8 години помлад од мене, крајно време е да остави резервата да изигра 10-15 мин оти кога тој ќе си замене на негово место ќе имаме само дебитанти. Столе е во врвна форма борбен жесток и невообичаено ефикасен, можеби малку да го олабави притисокот врз Талески но велам можеби. Голманите сите 4, одлични кога ќе се врати Царчев ќе бидеме и таму уште посилни. Манасков има некој отпор кога игра во Македонија, врвно крило можеби во топ 5 доколку добие повеќе топки и отпорот ќе го снема. Џомба е ко вино, само да потрае. Е сега најважните Талески и Кузмановски ќе пишувам за двајцата ПРЕСТАНЕТЕ ДА ВРШИТЕ ПРИТИСОК ВРЗ НИВ Ќе бидат врвни бекови ќе ја носат Македонија на многу првенства за нив треба ТРПЕНИЕ. Би сакал да им се заблагодарам на браќата Марковски многу дале за Македонија но нивното беше си !
Како за лаик од ракометот многу поздрав
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !
07.11.2020 Европско Првенство 2022
Квалификации Швајцарија 23 Македонија 25