Елверум за старт

CATCH THE MATCH

Среќен роденден Вардаре !

Вардар оваа 2021 слави 60 години од формирањето. Во таа 1961 тогашниот скопски Графичар се преименува во РК Вардар и така се започна. 60 години подоцна Вардар влегува во својата 16 та сезона во лигата на шампионите и на својот грб гордо носи 2 ѕвезди.

Гостување на северот за почеток !

ТИМ

Елверум е град малку поголем од Струга. Клубот е основан во 1946 година но најголемите достигнувања се од последните неколку сезони. Последните 5 сезони е во Лигата на Шампиони но без некој посебен успех, не успева да ја помине групната фаза. Последните две сезони завршува на 8 то место во групата. Интересно е дека во својата историја за него има играно и македонецот Мајнов.

ИГРА

Ако ја анализираме играта од минатата сезона, може да забележиме дека играат традиционален скандинавски ракомет. Брз и со многу голови. На нивна штета бидејќи забележаа само две победи против Мешков и Порто. Во останатите натпревари губеа убедливо најчесто со двоцифрена разлика.

ИГРАЧИ

Играчите се главно скандинавци, норвежани со по некој швед и исландер, потпомогнати со можеби нивниот најдобар играч унгарецот Мате и новодојдениот хрват Видовиќ.

ТРАДИЦИЈА

Вардар двапати се сретнал со Елверум и тоа токму во изминатата коронарна сезона. Во првиот натпревар заврши нерешено а вториот Вардар го доби.

ТЕРЕН

Елверум игра во својата Terningen Arena која е со капацитет од 3000 гледачи. Публиката на северот никогаш не била фактор.

СУДИИ

Судиска двојка од Чешка, Хорачек и Новотни. Со нив не врзуваат многу емотивни моменти.

МОТИВ

Елверум во Вардар гледа двократен европски шампион и тоа е мотив за секој клуб, Елверум ќе се обиде добро да стартува и да се реваншира за минатогодишниот пораз.

Вардар е нов тим. Иако Михајловски најави 30% подобар тим, земајќи ги впредвид сите фактори чинам дека е и многу повеќе. Најмотивиран сепак ќе биде тренерот Вујовиќ, а не помалку мислам и сите новаци, Тото, Њокасите, Томовски… Во Елверум гледаат шанса за добар почеток на новата кампања.

ШТО ТРЕБА ВАРДАР ДА НАПРАВИ в среда 15.09.2021 во 18:45 ч.

  1. Да одигра снажна одбрана пред се на десниот бек Мате
  2. Да создаде услови за добра партија на голманите
  3. Да ја искористи условно слабата одбрана и да имаат добра ефикасност

ЦЕЛ ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ !

Виктор Христоски

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...