Фаул…

Фото РК Вардар

Еден фаул го делеше двократниот европски шампион Вардар од полн плен попладнево во култната Јане Сандански.

Фаул извикуваа и малубројните среќници во салата но одбраната не успеа да го изработи, а норвежаните со шут во последните секунди изедначија.

Натпреварот во духот на Доктор Џекил и Мистер Хајд. За првото полувреме единствена асоцијација беше зборот Friendly, и пребарувајќи по речниците ги извлеков овие толкувања.

  1. Љубезен и пријатен,
  2. Означува нешто што не е штетно и
  3. Игра или утакмица која не е дел од сериозно натпреварување ?

Одбраните непостоеа, иако натпреварот споро почна бевме сведоци на ефикасност како од НБА натпревар, а со таква одбрана голманите беа на фрапантни 16%. Во нападот видовме фантастична ефикасност, а во двата правци извонредни примери за уфрлање на крилото и пореметување на одбраната. Кај Вардар Горгиевски кај гостите Абало.

Вториот дел почна благо речено лабаво, и по двете стативи на гостите и промената на одбраната на Вардар во 5-1 започна натпреварот. Следеа одлични моменти, пас на Дибиров безмалку по земја триесетина метри до Валчак, Фантастични зицери одбранети од Кизиќ, борбеност на Капитенот, генијалноста на Чупиќ. Видовме и контра и по некоја грешка, норвежаните форсираа 7 на 6 а за мене и доста ретко видено 7 на 5 па во еден момент победата се насмевна 30-26 за Вардар.

Следеше промена на одбраната на норвежаните па го поставија Абало на 5-1 и тоа даде плод. Неколку зицери промашени или одбрани од голманот на Елверум и натпреварот доби драматичност достојна за лигата на шампионите. Во конечната бркотница Елверум спаси пораз.

Публиката веќе разбудена помалку гневна на судиите за неколку интересни одлуки остана разочарана со ова реми.

На прес конференцијата беше разбирливо разочаран и Алушовски, но како забелешка во одјава на овој натпревар ќе повторам Без одбрана во текот на цел натпревар не се добива меч во Лига на шампиони !

Без квалитетен стручен штаб таму и нема што да се бара ! Во прилог на последната изјава нотирам три замене досега невидени моменти

  1. Во едне момент од првото полувреме Вардар играше со 8 играчи
  2. Во еден напад играше со 5 без исклучен играч, па Чупиќ сам бараше Џомба да влезе
  3. Во еднен напад на Елверум Вардар се бранеше со 5, без исклучен играч

Како и да е видовме сепак возбуда убави потези, видовме дека и Гаџа можеби не е промашување и видовме дека Марко Кизиќ дефинитивно е кандидат за засега под неразјаснети околности испразнетото место во министерството за одбрана .

ЕХФ ЛШ Скопје 21.02.2021

Вардар 34 Елверум 34

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...