UNDERDOGS

Кога решив да направам осврт на овогодинешниот Ф4, сеуште ја чувствував горчината од минатогодишниот организациски дебакл. ЕХФ е сеуште во повој, ракометот е прекрасна игра, но несфатливите критериуми при одредени избори оставаат темни дамки. Нo …

Викендов во Келн, закрепостената тврдина, ќе се одигра за нијанса поправеден од лани, ЕХФ Ф4.

Веднаш пред очите имам слики од Столе, Чупко, плоштад. Скопски Вардар Европски Шампион, е тоа беа времиња!

Во истиот дух, кој го красеше Вардар, од нигде никаде на врвот на европската сцена, кога никој не помислува на нив, се појавија годинава и Олборг и Нант .

Underdogs

Во сезоната со неверојатни издигнувања и вознемирувачки падови, орлите од Филаделфија како апсолутни аутсајдери (underdogs), за првпат во својата историјата стигнаа до финалето, Супербол во НФЛ! Во неделата на 4 фебруари, 2018 година, Орлите се соочија со апсолутните фаворити и петкратни шампиони, Патриотите на вечниот Том Брејди. Натпреварот е опишан како еден од најдобрите во историјата на НФЛ. И тоа беше ! Орлите го освоија својот прв Супербол. Остана длабоко врежан моментот кога дел од момците на Филаделфија истрчаа на терен со кучешки маски.

И можеби како никогаш досега, овојпат во Келн имаме два аутсајдери.

Првото и можеби најголемото изненадување од третиот по големина град во Данска. Олбор, како што некако би звучел на дански изговорот. Нешто слично како кај девојките, Вајперс и Олбор е основан во 21 век поточно 2000 година а оваа форма ја има само од 2011 година. Тоа не ги спречи да бидат 5 пати шампиони на Данска. Интересно во лигата на шампиони два пати стигнале до осминафинале и двата пати испаѓале од Барса со огромна разлика.

Но овојпат тие се сосема поинаков тим. Играат безгрижно и полетно, како да се без некој императив, во групата со Барса, Кил, Нант, Веспрем, беа четврти, а во осминафиналето го елиминираа се посилниот Порто, на гол во гости. Вистинскиот сјај нивни го видовме во дуелот со германците со дански шмек, Фленсбург, дуел кој беше олицетворение на модерен ракомет, многу возбуда и напнатост.

Составен од исклучиво скандинавски играчи, базата данци, меѓу кои најистакнати крилата Ласен и Странгард, бековите Мелгард и Кристенсен, како и фантастичниот пикер Сауструп. Од Норвешката прва помош го имаат одличниот на крило Бартолд. Шведската колонија е позначајна и со поголемо влијание. Па тука се одличниот голман Агерфос, како и фантастичните бекови Клар, Самуелсон и Сандел.

За мене мала енигма и тренерот, Стефан Мадсен, 44 годишник за кој не успеав да најдам ниту една информација плус од тоа дека е данец на чело на Олбор.

Интересно, но во кратката историја, имале само еден не скандинавски играч во својот ростер и тоа никој друг но Ловро Јотиќ во сезоната 2017/2018.

Едно е повеќе од јасно, играат на многу голови, даваат но и примаат во просек по 30 на натпревар. Растеретени од притисок, а квалитет имаат, као што би рекол Вујо, Раул припази, публико Врзи се !

Во најава на еден моќен тим во кој доаѓаат сериозни скандинавски ѕвезди, овој Олбор фантастично го трасира патот кон врвот!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...