Киелце го пречекува Нант

Фото ЕХФ

Што нè очекува од реванш мечот меѓу Киелце и Нант?

Ако треба да направиме една солидна анализа, секако најдобро е да се потпреме на некое искуство. Искуството во случајов ни е многу свежо, затоа што пред само една недела можевме да го гледаме овој натпревар.

И што научивме од овој натпревар?

Моментална форма:

Научивме дека се работи за тимови кои во моментов имаат сосема изедначена форма. Моја забелешка е дека можеби екипата на Нант во моментов е во малку подобра форма, затоа што имаат поквалитетни натпревари во домашното првенство, можеби и малку поискусни играчи од оние на Киелце, но сето тоа треба да се покаже на терен. Што во првиот натпревар баш и не беше случај. Ама ајде да видиме.

Тимскиот ростер:

И двата тима имаат слични квалитети на играчи. Имаат по неколку освојувачи на лигата на шампионите во своите редови и сите тие се во врвна форма.

Ударните игли и на двата тима ќе бидат по десната надворешна линија, а тука се нашиот Кире и некогаш нашиот Алекс.

Ако ја споредуваме централната позиција, предност секако давам на секогаш нашиот Карачиќ врз Овничек и Миние.

И можеби најголемата предност што Киелце ќе ја има во овој реванш оди кај нивниот голман Волф, спореден со Сирил Димулан

Тренери, стратези:

Тука предноста дефинитивно оди кај Талант. “Новиот” тренер на Нант, Алберто Ентрериос е сепак многу помалку искусен, можеби и послаб тактичар и затоа предноста околу тактиките би му ја дал на Талант Душебаев, не затоа што нешто навистина е многу подобар тактичар на теренот, туку дека знае да примени и други “тактики” кои секако се дозволени. Малку притисок кон судии, малку повеќе жалење и солзи ронење за се и сешто, и секако многу подобар мотиватор на своите играчи пред и посебно за време на натпреварот.

Затоа моето мислење е дека сепак Киелце ќе се радува на крајот на двомечот, иако навивачки секако би сакал тоа да е тимот на Кире Лазаров.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...