Пелистер оштетен !

Пелистерци неуспеаа да ги израдуваат битолчани со воведна победа во овогодинешната европска лига. Рака насрце одиграа исклучително лошо. Амбиентот беше одличен, а судиската двојка под знак прашалник. Австрици со балкански корени. Болиќ и Куриќ. Во 24 тата минута од второто полувреме, при една транзиција на битолчани, топката на десно крило до младиот Костески. Одбрамбениот играч […]
Последните 30 секунди !

Во морето правила од ракометната игра, а прилично често поставено во погрешен контекст, правилото за последните 30 секунди. Погледнете ги последните секунди од натпреварот во Загреб, помеѓу домаќините Загреб и Елверум Во ситуацијата кога играчот на Загреб, пивотменот, требаше да изведе слободен удар, одбрамбениот играч ко повлече за дресот а судијата ја прекина играта. За […]
Престап !
Барајќи логика во неколкуте интересни натпревари и уште поинтересни резултати од групата Б, најдов еден спорен момент. Многу често сме сведоци на разноликост во одлуките, во ситуација на шут при доскок во голманскиот простор. Натпреварот е Киелце против Веспрем. Почеток на второто полувреме и една брза контра на домаќините. Во главна улога Дилан Наи. Погледнете […]
Брз центар !

СР: Исклучително интензивен, брз и неизвесен натпревар гледавме во Скопје. Вардар го пречека Вицешампионот Олбор во Скопје. И повторно Јане гореше, публиката во се поголем број е на трибините. А тогаш атмосферата е во црвено. Во такво едно темпо бевме сведоци и на една спорна ситуација. За жал камерите не успеаа да ја доловат во […]
Пробивањето на Гаџа

СР: Ја започнуваме серијата коментари во рубриката ПАСИВНА, на тема судиски одлуки. Неможевме да најдеме подобар стручен советник од еден од најдобрите судии во светскиот ракомет. Нашиот Ѓорѓи Начевски. Тој со својот тандем Славе Николов, со години наназад се во самиот врв на судиските парови и веќе имаат одсудено безброј врвни натпревари во Лигата на […]
ПАСИВНА
Ја најавувам со огромно задоволство рубриката ПАСИВНА, посветена на актерите популарно наречени луѓе во црно, иако одамна боите не се како некогаш. Македонија со години има одлични судиски парови кои судејќи на високо а понекогаш и на врвно ниво ја претставуваат Македонија во одлично светло. Рубрика во која со познати и реномирани судии ќе се […]