СР: Исклучително интензивен, брз и неизвесен натпревар гледавме во Скопје. Вардар го пречека Вицешампионот Олбор во Скопје. И повторно Јане гореше, публиката во се поголем број е на трибините. А тогаш атмосферата е во црвено.
Во такво едно темпо бевме сведоци и на една спорна ситуација. За жал камерите не успеаа да ја доловат во право светло, но сепак ќе се обидеме да објасниме.
Имено во последните секунди од 29 та минута, Вардар постигна гол, данците брзаа и форсираа брз центар. Топката ја пресече Њокас. Залудни беа протестите на гостите, судиите не досудија ништо. Топка за Вардар !
ЃН : Иако е прилично тешко врз основа на ТВ преносот да се искоментира ситуацијата, впечаток е дека одбрамбениот играч е преблиску до центарот. Правилото вели, тој треба да е минимум 3 метри оддалечен. Во спротивно казната е 2 минути исклучување.
Стручен советник за САМОРАКОМЕТ, еден од најдобрите судии во светскиот ракомет. Нашиот Ѓорѓи Начевски.