Барајќи логика во неколкуте интересни натпревари и уште поинтересни резултати од групата Б, најдов еден спорен момент. Многу често сме сведоци на разноликост во одлуките, во ситуација на шут при доскок во голманскиот простор.
Натпреварот е Киелце против Веспрем. Почеток на второто полувреме и една брза контра на домаќините. Во главна улога Дилан Наи. Погледнете !
Во оваа ситуација шведските судии видоа регуларен гол. За жал, голот е постигнат од недозволена позиција.
Коментарот на нашиот стручен советник Ѓорѓи Начевски, еден од најдобрите светски судии на денешницата беше многу краток. ПРЕСТАП !