Македонија останува во вториот ешалон !

Од остварување на лошите соништа ништо полошо нема. Така беше попладнево во Јане. Во очите на девојките се чувствуваше притисокот. Па и пеењето на химната овојпат на потивко. Иако почетокот на натпреварот најави можно изненадување, за жал не беше така. Македонките почнаа цврсто, Коларовска реализираше, холанѓанките промашуваа и на семафорот имавме 8-2 ! Оттука понатаму […]

Невреме на повидок

Два дена по одличниот впечаток во воведниот натпревар против Босна, вечерва се соочивме со суровата реалност. Фарските острови практично се по површина нешто како Овче поле а по население безмалку како Велес. Да тие се всушност данци и скандинавскиот ракомет им е мајчин, но дома, во Скопје со нив изигравме едвај 24-24. За да не […]

Нова енергија

Ако по утрото денот се познава, можеби, и покрај страшните грмотевици денеска над Јане, за македонскиот женски ракомет има надеж. Неможам а да не започнам со впечатокот дека гледав тим со глава и опашка. Можеби е рано да се даваат одлични оценки, иако оптимизмот не ми беше на завидно ниво, но сепак она што вечерва […]

Who let the dogs out, WHO ?

Какво полуфинале ! Започна нервозно, ПСЖ под огромниот свој притисок, Олбор малку збунети од настанот. За девет минути само 3 гола видовме. Гигантот сепак профитираше. Започна Раул со агресивна и убава одбрана. Атлетата Наи го фрустираше Сандел на десно. Голманите одбранија по нешто, но сепак тука застанаа. Олбор заигра и 7 на 6 па полека […]

Металург го доби дербито за Европа

Сосема беше јасно дека овој натпревар од претпоследното коло ќе привлече најмногу внимание. Од исклучителна важност за двете екипи, се чини за домаќините сепак за нијанса позначајна. Металург на тест, да го потврди враќањето во врвот и да покаже дека поразот во Битола беше сепак лош ден, како и не така малата задача, учество во […]

20 години за Титула

Екипата на Вајперс на ракометната сцена се промовира во 2001 година. 20 години подоцна тие се на тронот на Европа. Во јубилејната 60 та година од започнувањето на натпреварувањето во европската Лига на Шампиони (1961), интерсено, само по втор пат екипа од исклучително доминантната во женски ракомет, Норвешка, е европски шампион. Имаа одлична сезона во […]

Отпорот продолжува…

Со тажни срца, по трагедијата во која животот го изгуби македонскиот голман, Никола Даниловски, го погледнавме првото полуфинале на ЕХФ Лигата на Шампиони. Се сретнаа, вечниот домаќин и тим кој мора да победи, унгарскиот Ѓер и францускиот тим во надоаѓање Брест. Двете екипи составени од исклучителен број на извонредни играчи. Сите честитки за французинките, француските […]

За отпорот, за Киро, за храбрите…

Не е тајна дека сите мои симпатии беа на страната на Нант. Дека Вешпрем е еден од немезесите на македонските клубови, Вардар најдобро знае, исто така не е тајна. Дека спортските сладокусци уживаат во изненадувањата е повеќе од јасно. Од друга страна колку Вешпрем можеше да ни биде, а не ни стана омилен, после погромот […]

Алушевски 2 Бабиќ 2

Наизглед израмнето, всушност овие два на Алушевски вредни титула и куп, а оние 2 на Бабиќ безвредни. Низ призмата на двајцата стратези го одјавуваме последниот нивни дуел за оваа сезона. За Алушевски кој се нафати да седне на клупата на европскиот финансиски раздрман шампион, пофалби за храброста. Многумина не би прифатиле. Тој на хартија ги […]

Металург рутински

Конечно дочекав момент за насловов. Металург распродаваше карти за 40 минути, беше македонска и европска сензација. Беше на врвот, но … Сега делува дека е повторно на вистински пат. Доколку финансискиот мозаик повторно не се растури, Скопје, Македонија и Европа ќе може повторно да ја почуствува енергијата од Автокоманда. Од друга страна огромна честитка за […]