Металург го доби дербито за Европа

Сосема беше јасно дека овој натпревар од претпоследното коло ќе привлече најмногу внимание. Од исклучителна важност за двете екипи, се чини за домаќините сепак за нијанса позначајна.

Металург на тест, да го потврди враќањето во врвот и да покаже дека поразот во Битола беше сепак лош ден, како и не така малата задача, учество во Евролигата. Бутел на тест, да покаже дали созреал за високото друштво и дали може тој да чекира билети за Европа.

Почетокот во знакот на оддавање последен поздрав на прерано починатиот Никола Даниловски, а во негова чест и вториот голман на Бутел со шорцеви, онака како често знаеше да одигра нашиот Џамбо!

Првото полувреме млако, безмалку за заборав. Двете екипи мирно како да чекаа кој прв ќе покаже знаци на слабост. Воглавно израмнето, без многу блескави моменти, Металург за нијанса посконцентриран дојде до пристојна предност од 4 голови.

Второт полувреме суперлигашки натпревар со сите елементи !

Металург играше мирно и прилично лесно реализираше. Серафимов во еден, Калуѓеровиќ и Хорват во друг период беа нерешлива енигма. Бутел пријатно изненади со трчање, со брз центар, тука на моменти го затекнуваше домаќинот неподготвен. Но кога во еден момент разликата отиде на 6, тешко беше враќањето. Малку на мускули, малку на искуство Металург ја градеше предноста.

Бутел покажа заби, агресивнот и самодоверба, а кога Додиќ заработи црвен картон за трето исклучување тие видоа шанса па притиснаа. Сепак неможеа да ги запрат денеска одличните пред се Калуѓеровиќ, Хорват и Серафимов. Кај гостите блескаше подзаборавениот Златко Мојсовски, па да непромашеше еден пенал во завршницата зад неговото име ќе стоеше чиста 10 ка. Видовме и борба, исклучувања но апсолутно во фер атмосфера.

Кај Металург и покрај смиреноста и самодовербата сепак се чувствуваше кратката клупа. Недостигот од среден, па и лев и десен бек, како и недоволната подршка од младите пикери. Кај Бутел одличен и пикерот, Јефтиќ кој со својата корпулентност создаваше многу ситуации за гол и пенал, но сепак неискуството им создаде доста изгубени топки па тешко беше враќањето во натпреварот.

Се чини дека и двата тима ги положија тестовите, Металург стабилизиран по сите турбуленции, со новите засилувања и со очигледно цврстата рака и контрола од клупата следната сезона ќе биде многу посериозен конкурент за врвот во Супер Лигата, но очекуваме и посериозен настап во Европа. Бутел покажа дека може да игра добар и модерен ракомет и сигурно дека следната сезона ќе се обиде да оди скалило погоре.

31.05.2021 Автокоманда

Супер лига, предпоследно коло

Металург 36 Бутел 35

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...