Отпорот продолжува…

Со тажни срца, по трагедијата во која животот го изгуби македонскиот голман, Никола Даниловски, го погледнавме првото полуфинале на ЕХФ Лигата на Шампиони.

Се сретнаа, вечниот домаќин и тим кој мора да победи, унгарскиот Ѓер и францускиот тим во надоаѓање Брест. Двете екипи составени од исклучителен број на извонредни играчи.

Сите честитки за французинките, француските клубови последниве недели ни ги освоија сите симпатии. Во составите комбинирани од скандинавско – француски мега звезди и понекоја девојка од балканот или балканска снаа доминираа голманите.

Натпреварот со малку ракометна напаѓачка убавина. Но со он лајн курс за играње одбрана. Агресивност, прекини, исклучувања и борба за секоја педа земја, топло препорачувам на некои македонски шампионски екипи и стручни штабови, пред се мислам на Вардар ! Натпреварот во регуларниот дел 20-20, исто како и пред триесетина години.

Видовме сензационална одлучност и самодоверба на аутсајдерите. Не затреперија и во моментите кога 15 тина минути неможеа да дадат гол, па и кога симпатичните португалки не одолеаа на подршката на вечните унгарки. Видовме врвни голмани, па и факт дека само играчи без суета придонесуваат за тимот. Ѓер имаше 3 а Брест 2 фантастични голманки. Видовме бекови кои преземаат одговорност во нападот и така го тапкаат својот пат кон врвот.

Видовме неизвесност и драма каква што само врвниот спорт може да ја приреди. Женскиот ракомет е врвен спорт, за жал во Македонија предвреме се откажавме од него. Како сите да заборавивме дека девојките, женската ракометна репрезентација на Македонија и Ѓорче Петров ја отворија вратата на ракометот во Македонија.

На крајот како што впрочем ова полуфинале заслужи пенали. Повторно голманите во прв план, а спортската среќа на страна на отпорот.

29.05.2021 Во земјата каде што Ѓер порано мораше да победи

ЕХФ Лига на Шампиони Ж, Полуфинале

Ѓер 25 Брест 27

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...