Ракомет vs Фудбал

Фото РК Алкалоид Во годините на славата на македонскиот клупски ракомет, манифестирана со три екипи во групна фаза од лигата на шампиони, во еден четврток во Скопје како коментатор на Мечот на неделата гостуваше новинарот и коментатор со островско потекло Том Обранаген. На вчудоневидувањето на ракометните фанови и љубители им нема крај. Како е можно […]
Кој и зошто не научи ништо од Кочани!?

Во повеќе наврати се чуствувам понижено и беспомошно. Секогаш за тоа се виновни институциите на таканаречениот систем од администрација. Луѓе кои градат кариери, создаваат империи и се нарекуваат политичка елита. А живееат од парите на народот! Тие, кои се службеници и кои треба да бидат во функција на народот. Годинава истите овие ја предизвикаа најголемата […]
1,9 < 17,1

Фото РК Еурофарм Пелистер Кога искусен математичар и статистички фанатик би ја анализирал синоќешната утакмица во Париз, од ракометната лига на Шампиони, најверојатно вака би започнал. Да објаснам, буџетот на Пелистер изнесува 1,9 милиони евра а на Париз 17,1 милиони евра. За да не биде приказната со бројките куса и егзактна, додавам уште неколку статистички […]
Ракометна среда за сладокусци!

Фото РК Еурофарм Пелистер Во среда каква одамна не сме имале, градот (Скопје) обвиен во смрдеа и палеж, како од некој постапокалиптички СФ холивудски филм, сепак можевме да уживаме во два фантастични ракометни натпревари. Првиот, во Скопје во Автокоманда, во живо и вториот во Битола во легендарната Младост, денешна Боро Чурлевски, во пренос на Македонската […]
ЗЕЛЕНО 3.0

Фото РК Еурофарм Пелистер (ретка слика од Битола во црвено) Се спушти завесата пред Македонската Ракометна сцена. Сезона од соништата, огромен број на одлични и неизвесни дуели. Шампионот неизвесен до последните стотина секунди. Ваков производ би посакала секоја маркетиншка куќа, секој спортски продуцент… Пелистер комплетира хет трик, три титули во низа, Шампион на Македонија. Зелената […]
EVERYTHING IS CRAZY…

Фото РК Вардар Со овие зборови тренерот на Пелистер го започна својот говор на тајмаутот во второто полувреме од финалниот натпревар за Купот на Македонија против Вардар! Чувството да се биде во сала, да се доживее атмосферата, да се почувствува енергијата од двете навивачки страни, просто незаменливо. Натпревар во сала и натпревар на ТВ, два […]
Три можни сценарија за епилог!

Фото РК АЛКАЛОИД (Бинго со еден од загрозените противнички ракометари) Пред да ги претставам трите можни сценарија, сакам да Ве потсетам дека нашиот долгогодишен и еден од најеминентните членови на ЕХФ, Драган Начевски, на подмолен начин беше наместен и казнет со исфрлање од структурите без право на жалба до 2026 та година. Ги споделувам можните […]
Македонија, каква досега не сме гледале!

Фото РФМ Чувството кога твојот тим победува, со еден збор не се опишува. Кој барем еднаш бил в сала, кога Македонските ракометни херои се пред тежок испит, да се биде или не, кога почетокот е исклучително тежок, но следи пресврт и крешендо, знае за што пишувам. Од временска дистанца, кога адреналинот веќе се стабилизира, сакам […]
Во победата над Естонија, Македонија во ново светло

Фото Естонска Ракометна федерација Совршено ни е јасно дека нашиот таканаречен балкански менталитет, не издвојува по добри и по лоши особини. Од лошите една од најкруцијалните, малодушноста! МАЛОДУШНИОТ Вид збор: Придавка, ШТО Е БЕЗ ВЕРБА ВО СЕБЕ, НЕРЕШИТЕЛЕН. Пример: Не биди малодушен ќе се среди работата. Извор Дигитален речник на Македонскиот јазик. Токму оваа наша особина, […]
Фармацевтите ја решија Скандинавката!

Фото РК АЛКАЛОИД Во неделата, во едни исклучително герила услови, преку таканаречен пренос во живо на страница на еден социјален медиум, имавме можност и среќа да го гледаме реванш натпреварот од полуфиналниот дуел во ЕХФ Купот, помеѓу Македонскиот РК АЛКАЛОИД и Норвешкиот Рунар. Воведов со идеја да ја доловоам апсурдноста што со себе ја носи […]
