Во победата над Естонија, Македонија во ново светло

Фото Естонска Ракометна федерација

Совршено ни е јасно дека нашиот таканаречен балкански менталитет, не издвојува по добри и по лоши особини.

Од лошите една од најкруцијалните, малодушноста!

МАЛОДУШНИОТ

Вид збор: Придавка, ШТО Е БЕЗ ВЕРБА ВО СЕБЕ, НЕРЕШИТЕЛЕН. Пример: Не биди малодушен ќе се среди работата. Извор Дигитален речник на Македонскиот јазик.

Токму оваа наша особина, не има донесено на ова ниво на кое сме сега, во сите сегменти од битисувањето. На дното…

Но, во Талин, една поранешна ССР, вчера видов нешто сосема поразлично.

Во принцип, кога Македонска спортска екипа е на хартија фаворит, во натпреварот влегува со 30-40% ангажман, очекува натпреварот веднаш да заврши и победата да се чекира. Тогаш по правило, екипата е дефокусирана, се мачи и до последен момент стрепиме за исходот. Неретко знаеме да кажаме, со посилните играме подобро!

Македонците синоќа одиграа како скандинавци ! Од прва до последна минута, фокусирани, посветени, борбени решителни, точка! Капа доле момци, капа доле Киро, екипава играше како Норвешка!

Дали ова ќе биде изолиран инцидент, незнам, но тоа што го видов многу ми се допадна. Дали ќе биде доволно за посериозен противник и тоа незнам, но пристапот кон натпреварот навистина ми се допадна.

Фото РК АЛКАЛОИД

Во отсуство на фотографии на Мартин во Македонскиот дрес, ја искористив оваа прекрасна од дербито со Вардар!

Мартин Ивановски, момчето кое на мала врата дојде во големиот ракомет, е мојот херој на денот!

Имав среќа да гледам неколку натпревари негови во дресот на Алкалоид, па така неговиот синоќешен перформанс не беше преголемо изненадување. Малиот игра со таква леснотија, напаѓа со таква дрскост и погаѓа и додава со феноменална прецизност, каква што поодамна немам видено. Неговото деби во националниот дрес за чиста десетка!

И на крај го нотирам и Македонскиот ракометен Феникс! Мартин Томовски, бриљираше на голот и како да наплати за сите несреќни партии на голот на Македонија. Томо, ти посакувам многу стабилност и континуитет, ти посакувам ангажман во клуб кој ќе ти носи среќа и задоволство и кој ракометно ќе те исполни.

Фото Естонска Ракометна федерација

За опејувањево да не изгуби смисла, во недела против Литванија, која патем е во ранкинг листата на ЕХФ само на една позиција подобра од Естонија, мора да го повториме истиот пристам, страст посветеност и егзекуција.

Кон победата против Естонија, на гости, со резултат 17:36.

Да живее МАКЕДОНИЈА!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...