Три можни сценарија за епилог!

Фото РК АЛКАЛОИД (Бинго со еден од загрозените противнички ракометари)

Пред да ги претставам трите можни сценарија, сакам да Ве потсетам дека нашиот долгогодишен и еден од најеминентните членови на ЕХФ, Драган Начевски, на подмолен начин беше наместен и казнет со исфрлање од структурите без право на жалба до 2026 та година.

Ги споделувам можните три сценарија.

  1. ЕХФ го доделува натпреварот со службен резултат 10:0, во корист на АЕК, и притоа донесува и соодветни казни за организаторот. Среќна опција би било кога РК Алклоид не би добил повеќегодишна забрана за настап во ЕХФ куповите, по принципот на Гунар Прокоп случајот.
  2. ЕХФ го доделува натпреварот со службен резултат 10:0, во корист на Алкалоид, сценарио кое е со најмала веројатност, и
  3. ЕХФ го презакажува натпреварот по принципот од пред неколку седмици, кога АЕК не сакаше да игра и во Белград.

Во одбрана на сценаријата 1 и 3, додавам, дека уште синоќа, во својата прва официјална изјава, ЕХФ го употреби терминот “безбедносни причини”, како подготовка на теренот за своите понатамошни одлуки.

Јас пак во “одбрана” на ЕХФ споделувам дел од официјалната галерија на натпреварот во која со фотографските објективи се уловени безмалку сите “безбедносни ризици” по грчката екипа …

Да живее Апсурдот …

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...