Фармацевтите ја решија Скандинавката!

Фото РК АЛКАЛОИД

Во неделата, во едни исклучително герила услови, преку таканаречен пренос во живо на страница на еден социјален медиум, имавме можност и среќа да го гледаме реванш натпреварот од полуфиналниот дуел во ЕХФ Купот, помеѓу Македонскиот РК АЛКАЛОИД и Норвешкиот Рунар.

Воведов со идеја да ја доловоам апсурдноста што со себе ја носи ригидната ЕХФ, популаризација на ракометот од една страна и мизеријата на промоцијата од друга.

Просто е неверојатно завршница од еден така важен куп за екипите кои им дишат во врат на најдобрите, ЕХФ да ја испрати само преку live ticker на својата и така хаотична веб страна.

Благодарение на некои ентузијасти или веќе незнам што, Рунар ТВ, имавме можност да следиме што се случува на теренот. И се разбира за сите љубители на теориите на заговор, последните решавачки минути во инфаркт натпреварот, вклучително и изведувањето на седмерци, неможевме да го следиме!

Епилогот сепак во наша корист. Македонскиот РК Алкалоид предводен од легендата на светскиот ракомет, еден од најдобрите десни бекови во историјата, Кирил Лазаров, издржа и по пеналите се најде во финалето.

Норвежаниве го организирале реваншот во еден огромен контејнер, најверојатно пренаменет за играње ракомет. Во него една пристојна група Македонски навивачи. Грешка број 1. Нашиве деца, се навикнати да играат во мирна атмосфера и во мали сали. Фамата околу поддршката од публиката се однесува кога сме домаќини, не гости.

Грешка број 2, (оваа на ехф ќе е е) Италијанските судии. Ако во Скопје ни сместија ракометни аналфабети, Италијаниве се покажаа како многу подобри познавачи на ракометот. Од друга страна, нивната топла крв, генетски поблиска до нашата, балканска, сигурно (на ум ми доаѓа сликата од последната акција на Рунар)!

Грешката број 3 кај мојот херој од линијата. Бјарте, чинам по втор пат го потцени, Киро, децата, РК Алкалоди и во крајна линија Македонија и Македонскиот ракомет. Тој беше убеден дека во едни вакви стерилни услови, со една блиц криг стратегија и многу ќотек, ќе го реши натпреварот за 10-15 минути. Играше овојпат 6 на 6 и не ризикуваше, и се чини на крајот тоа и го чинеше елиминација.

Од друга страна пак, Киро покажа една исклучителна, не карактеристична за него смиреност. Во услови кога на терен го нема еден од најголемите таленти во последниве децении, Марко Митев, а кога на само неколку денови пред реваншот го изгуби и факторот X, од последните недели, Игор Ѓеоргиев, тој покажа карактер и докажа дека победува тимот и системот а не поединците.

Во првите редови на фронтот ги истовари сите можни сили и адути кои ги имаше, а не се вкопа и не постави фортификациски објекти. Му даде огромна слобода на Дамјан, а малиот испорача како да игра ракомет на европско тло 10-15 години.

Во Алклоид клучни улоги имаа и луѓето кои се викаат Мартин. Па така Серафимов испорача 8 погодоци, Велковски 4 но покажа и доста лидерство, а пак новајлијата Ивановски ја надополнуваше празнината од Митев и Ѓеоргиев со стил на игра и ефикасност.

Лазаров повторно играше со широк ростер, и повторно во игра не ги видовме Савревски и Младеновиќ. Голманите не беа фактор во текот на самиот натпревар, но Галевски беше и тоа како голем фактор во самиот финиш и во серијата пенали.

Мизеријата не ЕХФ и во статистичките извешати без да коментирам споделувам линк

Сезона за историја има најмладиот Македонски ракометн клуб. РК Алкалоид, во супер краток период од основањето успеа да постави фантастичен систем, да изгради респектабилен тим и во исклучително кратко време да почне да ги жнее плодовите од својата работа.

За нас пак од непроценливо значење е тоа што успехот се должи овој пат на сопствени ресурси. Со само двајца странци кои дефакто немаат носечки улоги, со 100% Македонски стручен штаб, Алаклоид покажа како треба и како може.

Во очекување на двомечот со АЕК, спортската среќа на наша страна, па реваншот ќе се игра во Скопје. Скопје знаел да биде дом на шампиони па верувам ќе биде и овој пат така.

Очекувам конечно изборот на сала да падне на Борис или Јане, па во огромен број да ги поздравиме и поддржиме нашите деца во овој досега за нив најголем предизвик!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...