CATCH THE EHF EUROPEAN LEAGUE ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 22/23

Насловот на мојата омилена рубрика, во која најслатко се шпекулира, дрско се прогнозира и надмено клима со главата, го копирам од минатата сезона. Бројките ги менувам се разбира, дали и очекувањата? Пелистер две сезони по ред застануваше на скалилото Last 16, повеќе од јасно е дека годинава очекуваме повеќе. Дали тие очекувања ни се оправдани […]
Две карти молам! Битола на нозе…

Во навидум изедначен натпревар во првото полувреме ловориките ги собираше голманот на атињаните. Натпреварот тврд, тежок, не толку убав но со посебен набој. Знаеме ние. Не е литертурна форма а можеби е, редењето на впечатоци. Две вртени на Граџан, пикерот кој стана битолски зет уживаше вечерва. Плотунска стрелба на Стипе, кој по кој знае кој […]
Неколку судиски (не)одлуки од полуфиналето Франција Шведска

Нашата “ПАСИВНА” неуморно трага по вистината. Колку подобро ќе ги запознаеме ракометните правила, толку повеќе ќе уживаме во оваа прекрасна игра. Од друга страна и ние жестоките навивачи ќе бидеме помирни во реакциите. Како што ветивме во специјалот ПАСИВНА ги ставивме под мониторинг судиите на полуфиналниот натпревар Франција Шведска од ЕХФ ЕУРО 2022. Денес ги […]
Пелистер загуби, сонот за висок пласман остана.

Во морето од забелешки, некои издржани, некои на ниво на желба а некои романтични, предлогот за стопирање на трансфери во тековна сезона и потпишување договори однапред, вечерва повторно се актуелизира. Наративот за мечот имаше две димензии, од тотално небитен за Татабања, до вториот покомплексниот, тешко ќе се добие оваа утакмица. За жал вториов беше поиздржан, […]
Пелистер ќе игра, Вардар не

Одбираме натпревари по наш вкус во неделава која предстои. Насловот предложен од Фичорски ЈАМБ ВО НАЈАВА 01.03.2022 18.45 ч Татабања Еурофарм Пелистер ЕХФ Европска Лига Битолчани со можност за висок пласман во групата. Татабања е отпишана но сигурно е дека со новиот тренер ќе сакаат да покажат дека вредат повеќе. Битолчани повторно не се комплетни па […]
Низ иглени уши, Пелистер подобар од Кадетен за второ место во групата.

Натпревар за инфаркт. Во историјата апсолутно заштитен знак кога играат македонските и клубови и репрезентации. Огромен беше притисокот, ростерот сега веќе воопшто неизненадувачки непотполн. Без десен бек на располагање. Агрономот реално во зима нема многу обврски. Но сепак и во овој дуел не успеа да не убеди дека е вистинскиот за иднината на Пелистер. Прилично […]
Влијанието и еволуцијата на темпото !

Пренесуваме во целост еден од серијата написи на аналитичарот на податоци и новинар, Џулијан Рукс за употребата на технологијата и податоците на ЕХФ ЕУРО 2022 година за мажи. Сè уште се свежи сеќавањата за тоа како Шведска ја победи Шпанија во финалето на ЕХФ ЕУРО 2022 за мажи. Барајќи причини како и зошто тимот на […]
ВИКИНЗИТЕ НА ТРОНОТ

28 години од воспоставувањето на европските шампионати, и нивната прва титула, Шведска е повторно Шампион. 20 години од својата последна освоена на домашен терен, вечерва ја освоија својата и рекордна 5 та титула. БРАВО Денот започна доста емотивно за шпанската спортска но и поширока јавност, откако нивниот миленик Рафа Надал го освои АО и стана […]
Едноставно, Јим Готфридсон!

Возбудата не изостана и на вториот натпревар. Но она што ми го одвлече вниманието беше нешто сосема друго. Ако сите ракометни сладокусци останаа без збор за играта на малиот Лук Стеинс, а ние во Скопје постојано сме во потрага по среден, како спас за Вардар, како можеме наједноставно да го опишеме Јим или по нашки […]
22 ри во Европа

Неможам да се сетам дека во некоја категорија од општествено политичкото, спортско, па и било кое милје котираме така високо. Сепак најракометната нација, или државата во која ракометот е спорт број 1, нема да биде задоволна со ваквиот развој на настаните? Но зошто е тоа така? Претпоставувам поради површноста, овде на балканот еден тротоар најобичен […]