28 години од воспоставувањето на европските шампионати, и нивната прва титула, Шведска е повторно Шампион. 20 години од својата последна освоена на домашен терен, вечерва ја освоија својата и рекордна 5 та титула.
БРАВО
Денот започна доста емотивно за шпанската спортска но и поширока јавност, откако нивниот миленик Рафа Надал го освои АО и стана лидер на листата со 21 мастер титула. Во еден бесконечен дуел по повеќе од 5 часа, налик на моите ултра маратонци, во едно епско враќање можебиго испра срамот на Австралија создаден во политичко медицинската сага со нашиот горен сосед и моментален број 1 на АТП листата.
Во тој дух на исклучително рамноправна борба, данците го освоија третото место по продолженија. Имајќи впредвид дека и норвежаните дојдоа до петото по продолжетоци, навистина ќе беше исклучително но можеби и праведно доколку и шампионот го добиевме по продолженија.
Зошто така мислам?
Прво сакам да забележам дека ЕХФ е чудна институција која со сите сили и средства се труди да си го наруши и она малку углед и достоинство што го има. Па ќе набројам без некој посебен редослед. Судиите во финалето катастрофално лоши, директно влијае во последната минута на исходот на резултатот. Нашата ПАСИВНА ќе има доста материјал во наредниов период. Протоколите и однесувањето кон таканаречените позитивни играчи под секое достоинство. Доделија медали за четврто место и од памет ги извадја французите. Тука сега си спомнувам дека и нејзината постара сестра, ИХФ се дави во калта, па нема многу време кога претседателот на церемонијата на прогласување незнаеше кој е кое место. ЕХФ и домаќините воопшто не земале в предвид дека може да има продолженија па ги менуваа тремините, аматерски нели? МВП играч и најдобар стрелец не се дел од најдобрата седморка, и ова е чудно нели? Но доста внимание им посветив, не заслужуваат.
Се враќам и на финалето, за жал далеку од врвен ракомет. Тоа што вреди да се напомне секако е енергијата и жестината, борбата за секоја топка. Одбраните беа во прв план. Во прилично изедначен натпревар деталите одлучуваа, па така шпанците имаа 7 изгубени топки а шведите 10, шпанците од 7 метри беа на 4/4 а шведите 4/7, но голманите на Шпанија фатија само 8 а Паличка 11 топки.
Можам да се сетам и на една залепена топка на раката на Кањелас, недосуден фаул врз него, Ване како сече една топка со играч помалку, одлични пивоти, норвежанец кој пее шведска химна.
Последнава забелешка е посветена на репрезентативците на Македонија во фудбал кои со вкочанети вилици ја испраќаат македонската национална химна. Какво непочитување, каков срам за нив.
Конечно заврши ова исцрпувачко од повеќе аспекти првенство. Преку 60 натпревари и милион играчи кои продефилираа. За нас, Македонија, важни се противниците за баражот за следното светско.
До двомечот со Романија, ми остануваат двете конференциски вечерва, Канзас против Синсинати и моите Овни од ЛА против легендарните 49 ки од Сан франциско, “дербито” Вардар Металург в среда, посетата на Винаријата на Младен Ракчевиќ, премиерата на Пројковски во Подгорица …
30.0.2022 Финале на ЕХФ ЕУРО 2022
Шведска 27 Шпанија 26