22 ри во Европа

Неможам да се сетам дека во некоја категорија од општествено политичкото, спортско, па и било кое милје котираме така високо.

Сепак најракометната нација, или државата во која ракометот е спорт број 1, нема да биде задоволна со ваквиот развој на настаните? Но зошто е тоа така? Претпоставувам поради површноста, овде на балканот еден тротоар најобичен неможе да се направи квалитетно по пропис, со анализа колку придонесува а колку не. Затоа што јавноста не ги согледува сите аспекти и широката слика, но сака успех веднаш.

За ракометот да го одржиме така високо како што сепак е, треба многу работа. Потребно е да се излезе од просечноста и гласно да се говори. РФМ проактивно да решава задачи од најниско ниво, да се укине натпреварувањето со резултатски императив во пионерските категории. Агенцијата за млади и спорт да создаде систем кој ќе подржува школи за да не зависат од членарината и спонзорите. Општините и државата да изградат и опремат сали и истите да се одржуваат, дали сте биле во тоалет во некоја сала, освен Борис и Јане ? Да се организираат широк список на репрезентации со чести собири и кампови, пионери/ки, кадети/ки, младинци/ки … На крајот на оваа година домаќини сме на европското првенство во ракомет за жени. Дали знаете колку професионални ракометарки има Македонија ?

Прашања многу, кон нив да се пријде како кон слатки маки, придобивките за Македонија можат да бидат повеќеслојни.

Излегов малку од комфорната зона…

Македонските ракометари и македонските навивачи се непроценливо богатсво, да ги заштитиме, да ги чуваме!

Погледнете ги ставовите и мислењата и на неколку наши истакнати ракометни работници, Дарко Петровски, поранешен ракометар, младински репрезентативец и основач и тренер во РК Аеродром, Горан Ѓоргоновски, поранешен ракометар, репрезентативец, активен во работата со млади категории, основач на школите Ракомет за секое дете, Иван Марковски, поранешен ракометар, интернационалец, репрезентативец, со тренерски стаж во и надвор од Македонија, со женски и машки тимови. Погледнете

Благодарност за НАША ТВ, која го препозна нашиот ентузијазам.

Фото РФМ

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...